Еленa Тренчева

Еленa Тренчева (1980, Скопје) дипломирала на Катедрата за историја на уметност и археологија при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”, во Скопје. Во 2012  магистрира на истата катедра, насока современа уметност. Била координатор на проектот "Кураторски преводи", организирана од страна на Центарот за визуелни и културни истражувања, Евро - Балкан институтот во Скопје (2007). Исто така, била ко-куратор на "Арт Дијалози" годишни изложби, организирани од страна на "Smart Media", а автор е и на неколку статии на уметнички публикации и каталози. Одржала предавање на Институтот за словенска филологија, на Јагеолонскиот универзитет, во Краков, Полска (2011, 2013). Од 2011 година Елена е член на Центарот за визуелни студии во Скопје. Во 2012 учествува на Третата конфенренција за визуелна култура во Европа, одржана во Трондхајм, Норвешка. Нејзините интереси се поврзани со визуелната култура, визуелната уметност и современите уметнички теории и истражувања.

Јованка Попова

Јованка Попова (1980, Скопје) дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за Историја на уметноста и Археологија. Магистрант е на Институтот за Историја на уметноста, насока - современа уметност. На истиот институт, била ангажирана како демонстратор по предметот “Македонска современа уметност”. Соработувала на повеќе научни и истражувачки проекти од областа на историјата на уметноста. Учествувала на неколку меѓународни конференции и работилници (Deschooling Classroom, Скопје и Белград;  „Социјалните и духовните аспекти на материјалната култура”, Охрид; „Читање на градот: Урбан простор и меморија / Паметење“, Скопје и Берлин; Aesthetics and Techniques of Lines between Drawing and Writing, Kunsthistorisches Institut, Фиренца; International Symposium on Visual Culture, Mobility and Fantasy in Visual Culture, Истанбул; Интернационален симпозиум „Кураторски размени“, Скопје; Ecologies of the Visual-3td Visual Culture in Europe Meeting, Трондхејм). Курирала повеќе изложби од областа на современата уметност во Македонија. Работела на неколку домашни и интернационални кураторски проекти (Скопски Урбани Приказни, DVD Project, Alarm Container, ALARM 2:1, перформативен настан „5 минути независност“, Скопје: Врвна колекција на лични сеќавања 1960-2000 вол.1, дискурзивен настан Жена и пол“, Фестивал за современи уметности AKTO 8: „Час по природа и општество“, кураторски проект „Уметник и диктатура“, проект „Живи библиотеки, архиви на граѓанска непослушност“, итн).  Автор е на повеќе текстови и предговори во каталози од областа на современата уметност и ликовната критика. Во моментов работи како дел од тимот на проектниот простор прес ту егзит.

Велимир Жерновски

Велимир Жерновски (1981, Скопје) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје. Во моментов  тој е студент на постдипломски студии на Катедрата за културни студии на "Евро-Балкан " Институт за општествени и хуманистички истражувања во Скопје. Има остварено повеќе самостојни изложби во Македонија и странство: Њујорк (2010, 2012), Париз (2011), Виена (2009, 2011), Фрајбург (2009), Скопје (2006, 2007, 2010, 2012, 2013), има учествувано  во групни изложби во Словенија, Косово, Австрија, Германија, Холандија, Македонија, Турција и САД. Тој е куратор и ко-куратор на неколку проекти и изложби и учествувал во повеќе меѓународни проекти и соработки. Има работено како кураторски асистент на press to exit project space - специјален проект на швајцарската програма за култура во Македонија, а во моментов работи како истражувач на Универзитетот Евро-Балкан; Член е на Програмскиот одбор на ИТИ (Меѓународниот театарски институт - Македонија) и активно учествува во програмата на Коалицијата "Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници". Од 2008 Жерновски е ко-основач и претседател на FRIK Формација за развој на иницијативи во културата, организација која работи на мотивирање на социјално ангажирана уметност продукција и демократизација на општеството, преку предрасудите и стереотипите. Преку медиумите на цртежи, видеа, инсталации, објектни инсталации во јавниот простор, пишување и објавување на уметникови книги ги истражува поимите на идентитетот, урбаноста и популарната култура, како и сексуалноста и родовиот идентитет.


http://www.zernovski.com
http://www.cee-art.com/macedonia/zernovski-velimir.html
https://www.facebook.com/zernovskivelimir