Изложба: Каде да (не) одиме?

Ноември 22 – 25, 2012

Интернационално претставување | Проектен простор Прес ту Егзит од Скопје (MK) | изложба „Каде да (не) одиме?“ | Contemporary Istanbul (саем за уметност)

Проектниот простор Прес ту егзит има чест да го најави своето учество на 7-мото издание на Contemporary Istanbul, прв и најголем уметнички саем во Турција кој ќе се случува во периодот од 22-25 ноември, 2012 година, во Конгресниот и изложбен центар (ICEC) на Истанбул. Саемот ќе понуди презентација на широк спектар на уметнички дела од околу 600 уметници и 100 домашни и интернационални галерии и непрофитни организации.  Низ посебната селекција Нови хоризонти (New Horizons: Central & Eastern Europe), во чиј фокус се современите уметнички практики од Централна и Источна Европа, Contemporary Istanbul ќе се најде во улога на домаќин на многубројни галерии, куратори, издавачки куќи, критичари и колекционери од регионот.

Промоција на книга: Јане Чаловски: OBJE'CT

24 Ноември, 2012

Тековни активности | Промоција на книга Јане Чаловски | OBJE'CT | саем за уметност Contemporary Istanbul 2012, сала за конференции на Центарот за собири и изложби во Истанбул | текстови од Башак Шенова, Астрид Веге и Себастијан Цихочки

OBJE'CT е првата книга од серијата „Kниги за уметници“ чии дела припаѓаат на уметничката колекција на Зорлу центарот во Истанбул, а е курирана од Башак Шенова. Таа е скромен обид да се укаже на специфичните карактеристики, развојните дилеми и насоки во уметничката колекција на Зорлу центарот,  преку насоката на размислување и делување на Чаловски. Книгата истовремено претставува и прва сеопфатна публикација која се осврнува на делото на Јане Чаловски, а кој во 2011 година има изработено објект токму за оваа колекција. Концептуалните дела на Чаловски се осврнуваат на непотполноста и пропустите во нарациите и историјата. Оттука, слично на работата на некој археолог, тој е опседнат со истражување и обработка на архивите. Неговите дела се инспирирани од пронајдените и исчезнатите линкови во архивите од било кој вид; некогаш делото се отелотворува во лични архиви и приказни, а понекогаш е поставено во јавен простор.

Самостојна изложба на Христина Иваноска

01 Ноември 2012 - 31 Декември 2012

Тековни активности | самостојна изложба на Христина Иваноска | Ова е земјата во која младите девојки прснуваат во смеа без многу двоумење | Музеј на современа уметност, Скопје| куратор на изложбата Мира Гаќина

Иако во современата уметност како тема е присутна веќе повеќе децении, родовата проблематика, најмногу заради недоречената комплексност, продолжува и понатаму да биде актуелна. Христина Иваноска со своето ново дело "Ова е земјата во која младите девојки прснуваат во смеа без многу двоумење", продолжува на свој начин да ја интерпретира идејата за можните премини помеѓу условните родови категории. Внатрешниот динамичен органски баланс на ќелијата (кутија), авторката го избрала како модул за демонстрација на нејзината претстава за развојот на идентитетот.

Art Spaces Directory

Август 09, 2012

Надворешни активности | Проектен простор Прес ту Егзит од Скопје (MK) | Art Spaces Directory (публикација) | издадена од New Museum (NYC) | The Art Spaces Directory е интернационален водич за простори кои ги негуваат и поддржуваат современите уметници и уметнички практики. Структурирано врз основа на модел за „Музејот како стожер на активности“, Триеналето на New Museum во 2012 година, насловено “The Ungovernables”, инкорпорира соработка со мрежа на куратори, организации и уметници од секаде низ светот, вклучувајќи го и музејот како централен партнер. Нивните активности и придонеси се инспирација за публикување на Art Spaces Directory, ресурсен извор на информации за над 400 независни уметнички организации од 96 земји во светот.