Промоција на филмот „Македониум: Драматургија на недовршеното“

Проектни активности | Јане Чаловски, Христина Иваноска и Теона Стругар Митевска | Промоција на филмот „Македониум: Драматургија на недовршеното“ | МКЦ, Скопје | 06.05.2023

Уметничкиот тандем Христина Иваноска и Јане Чаловски во соработка со режисерката Теона Стругар Митевска создадоа филмско дело со наслов „Македониум: Драматургија на недовршеното“, кој открива непознати страници од македонската историја.

Долгогодишни интердисциплинарни истражувања на Христина Иваноска и Јане Чаловски резултираа со повеќеслојно филмско дело. „Македониум: Драматургија на недовршеното“ е колаборативен филм на режисерката Теона Стругар Митевска и уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски работен врз основа на истоимената книгата на Иваноска и Чаловски, која се фокусира на приказната за „Македониум“, најистакнатиот меморијален комплекс изграден во социјалистичка Македонија во периодот помеѓу 1969-1974 година.

На 6 мај оваа година соработниците го споделија филмот пред поканета публика на затворена проекција во киното „Фросина“ (МКЦ, Скопје), по што следеше и разговор модериран од историчарот на уметност, Владимир Јанчевски. Тоа беше повод да откриеме и други детали за создавањето на филмот.

https://popup.mk/nepoznatata-prikazna-na-memorijalniot-spomenik-makedonium-vo-krushevo-e-stavena-na-film/?fbclid=IwAR3_yeyCETk4S6sLbJxQ-c4kT0vvzN95fjZSGfur1vRxFzGdb-r0IdJjqN0