Регионална конференција „Структурата на чувствата“ на современиот културен прекаријат
Надворешни активности | Јане Чаловски | Модератор на конференцијата „Структурата на чувствата“ на современиот културен прекаријат | ЈАДРО Асоцијација | 20 декември, 2021 година
Модератор: Јане Чаловски, ЈАДРО Асоцијација | press to exit project space
ЈАДРО - Асоцијацијата на независната културна сцена, во рамки на проектот „Модели на цивилно-јавни партнерства: Нов бран на културни политики и практики за ко-управување со заедничките добра“ поддржан од Министерството за култура, организира онлајн регионална конференција на тема „Структура на чувствата“ на современиот културен прекаријат.
Во рамки на конференцијата Јане Чаловски е модератор на сесијата насловена „Ко-управувањето со заедничките добра - сегашни предизвици и перспективи за иднината“.
Конференцијата има за цел да отвори простор за јавна дискусија за различните искуства на организациите и неформалните културни иницијативи низ земјата и регионот во насока на создавање на независни нови модели на културни простори достапни за сите. Идејата на овој настан е да започне јавен дијалог низ кој панелистите ќе ги изложат своите досегашни заложби и обиди за обезбедување на стабилно или привремено финансирање и простор за ко-управување со заедничките културни добра.
Јавните блиц-излагања на говорниците кои ќе сублимираат една успешна или неуспешна приказна од нивното делување, на долг рок треба да ни помогнат подлабоко да ги увидиме сличните искуства и да ги дефинираме заедничките позиции за заедничко застапување за подобра состојба на културните работници и уметници во нашата земја.
Заклучните согледби од конференцијата ќе го заокружат и истражувачките процес на тимот на ЈАДРО Асоцијацијата, кој периодов дисеминираше прашалници врзани за работата на поединци и организации и работи на финализирање на својата анализа на социо-економската положба на културните работници и уметници во државата.