Промоција на книгата „МАКЕДОНИУМ: Драматургија на незавршеното“

Промоција на книга | Јане Чаловски и Христина Иваноска | Македониум: Драматургија на недовршеното | МКЦ, Скопје | 22 декември, 2021 година

Во Младинскиот културен центар – Скопје, се случи промоција на книгата МАКЕДОНИУМ: Драматургија на незавршеното“ - најново заедничко истражувачко дело на Јане Чаловски и Христина Иваноска.

КнигатаМАКЕДОНИУМ: Драматургија на незавршенотосодржи нов авторски материјал на уметниците Иваноска и Чаловски, инспириран од истражувањето на архивната документација од процесот на изработка на споменичниот комплексМакедониум“ (подоцна преименуван воИлинден“) на авторите Јордан и Искра Грабулоски, а отстапена од страна на семејството на Државниот архив во Скопје.

Во оваа книга конкретните архивски материјали со кои авторите за прв пат се среќаваат во 2017 година, претставуваат супститут за вистинската и жива меморија отворена за дијалектиката на сеќавање и заборавање. Книгата е прв (или почетен) чин на материализација на истражувањето и се состои од два уметнчки концепти, архивен материјал и реаобјава на неколку текстови од други автори, кои во различни временски периоди и од различен аспект пишуваат за споменикот.

Драматуршкиот текстДоколку постои приказнана Иваноска е разработен во седум (7) сцени. Во него се интепретирани дел од записниците и документацијата од работните средби на телата составни од еминентни личности и експерти, а создадени околу изградбата и одржувањето на споменикот. Преку нив може да се воочи наметнатиот општествено-политички авторитет наспроти авторското, естетското и апстрактно обмислување и обликување на нештата. Низ низата документирани компромиси, отстапувања и фрустрации, текстот ни ја разоткрива комплексната позиција на Јордан, а посебно на Искра Грабулоски во однос на другите соработници и општествени авторитети.

Дигиталната просторна инсталацијаВоздржан простор (Засегнат од вашите постапки)“ на Чаловски, произлегува пред сѐ одзаборавениотподрумски простор на таканареченатасала за проекции“, сместена под главната купола кон која требало да водат спирални скали, а на чие место денес се наоѓаВечниот оган“. Скулптуралната констелација од форми на Чаловски илустрира простор/сцена, кој кореспондира со перформативно-драматуршкиот текст на Иваноска.

Во оваа публикација се реобјавени и избор на текстови од Антоанела Петковска, Соња Абаџиева Димитрова, Бојан Иванов и Кит Бран, кои се пишувани во различни временски периоди и се однесуваат на општествената, естетско-ликовната и историската важност на споменикот.

Книгата е дел од студиската, дискурзивна, истражувачко-изведбена и издавачка програма наПроектниот простор Прес ту егзитза 2020 година. Авторка на воведниот текст е Јованка Попова, дизајнот е на Неда Фирфова, а преводот и лектурата се на Ана Василева и Ѓоко Здравески. Промоцијата ја водеше Владимир Јанчевски, куратор и историчар на уметноста.

Истражувањето и публикацијата се поддржани од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Фондацијата за уметнички иницијативи од Њујорк (Foundation for Arts Initiatives), i-Portunus програмата за мобилност, иФушбауфестивалот за современа уметност од Хановер, Германија.

*Благодарност до Лира Грабул, Фросина Ѓорчевска и Државниот архив на Република Северна Македонија за укажаната доверба и соработка при истражувањето.

Настанот е  организиран со почитување на актуелните ковид-протоколи.

https://www.facebook.com/events/476770267208267/?ref=newsfeed