Недисциплинирано: Градење на архив / E padisiplinuar: Ndërtimi i një Arkivi

Секогаш кога ќе доживееме загуба на нешто кое е поврзано со нашата заедничка историја, било да е документ, градба или личност, чувствуваме дека го губиме тлото и во сегашноста и за иднината. Тоа е чувство кое вознемирува, збунува и крајно исцрпува. Згора на тоа, идеологијата на паметењето и архивирањето е чувство кое е силно присутно дури и во отсуство на вистинска архива (во случај истата да е уништена), што придонесува сите дејства на уметничката продукција околу архивското да бидат предизвикувачки.

Клучното прашање што се појавува во моето уметничко истражување е на кој начин да се употребат како алатки фрагментацијата, дисконтинуитетот и непредвидливоста за реконтекстуализирање на знаењето од еден архив. 

Мојата работа честопати следи формални елементи кои се во заговор согласно насоките на создавање димензионален систем од чисто визуелни и концептуални субјекти, а кои можат да станат политички ангажирани и социјално релевантни. Визуелно дело или книга заснована на архивски извори не е само вежба на мислата, туку тоа исто така образува и нова физичка, а со тоа и политичка реалност. Недисциплинирано: Градење на архив“ (2017–тековен проект) посочува на институционалното отсуство на соодветна и јавно достапна архива на техничка и фотографска документација на Мастер планот за Скопје од јапонскиот архитект Кензо Танге, администриран со посебна поддршка од ООН почнувајќи од 1963 година (кога градот беше уништен од земјотрес ). Но, мојот најнов проект е всушност предизвикан од една друга катастрофа: пожарот што го уништи скопскиот поранешен „Завод за урбанизам и архитектура во април 2017 година кој беше сместен во бараки од 60-тите години на минатиот век. Заводот, кој повеќе не постои, поседуваше архива од постземјотресната реконструкција на Скопје, како и на градежни проекти проектирани низ цела Македонија и другите републики и покраини на поранешна Југославија. Во мај 2017 година иницирав граѓанска акција (предводена од Проектниот простор Прес ту егзит и поддржана од бројни поединци, и државни и независни организации од областа на уметноста, архитектурата и културата) за да се заштити документацијата расфрлана на местото каде што се наоѓаше заводот. Следствено нашата интервенција на уништената локација, долгиот временски процес на чистење, селектирање и архивирање треба да води кон реанимација на материјалот.

Целта на Недисциплинирано: Градење на архив“ е, преку теоретска и креативна анализа, да ја потенцира повеќеслојната општествена продукција во конституирање нова форма на веќе постоечки и живи архиви. Концептуалната еластичност во конвергирање на наследството на модерноста, поимот за перформативност и употребата на архиви, преку кои се адресираат актуелните социо-културни, економски и политички услови, се централни прашања во мојата уметничка практика. Прашањето за систематското занемарување на архивата на урбанистичкиот план за Скопје го адресирав преку претходните мои дела, Мастер план (2008), Опседнат простор (2010) и најновото „Минат град (2017). Овој мој постојан интерес вклучува многу клучни концепти кои ми се важни да ги адресирам, како што се заземање, иселување, реорганизација, адаптација и придонесување кон идеи во рамки на културната, економска и политичка премиса. Како што посочува и самиот наслов, целта на ова дело е да употреби нетрадиционална методологија за поставување на архив во јавната сфера.

Крајната цел е да се развие дисперзивен концепт на архив со учество на јавни институции и граѓани, со зацртана крос-дисциплинарна методологија која ќе генерира социјално, политичко и културно вреднување на опкружувачкото модернистичко културно наследство. Теоретски, делото реферира на концептот за „Отворена форма“ на полскиот архитект Оскар Хансен, во кој можноста за незавршеност (што за возврат активира вредности како не-догматизам и демократијата) континуирано отвора простор за проширен контекст, односи и толкување, исто како што реферира и на Фукоовата артикулација на архивите и поимите за автор и дело. Оттука се обидуваме да го дефинираме архивот како значаен процес на прилагодување и дисеминација на ново знаење кој може да вклучи нови и отворени протоци на преработена дистрибуција преку неговата поврзаност, итност и непостердост.

Во рамките на истражувачкиот контекст на „Взаемно поле на културната меморија“, три-насочниот меѓународен партнерски проект, куриравме програма која понатаму го истражува концептот на дисперзивност, предлог каде взаемно можеме да предлагаме трансформација на расфрленото модернистичко архитектонско наследство назад во јавениот домен. Во тесна соработка со поединци, како и со државни и независни институции, предвидовме дека (Не)дисциплинирано може да биде виден како експеримент со архивот како метафора, истражувачко прашање и методологија. Специфичниот македонски контекст нѝ овозможи да разгледаме како политичкиот опортунизам се одразува и влијае на нашата способност да манифестираме критичка позиција која би вродила со резултати во јавната сфера, користејќи теоретски и практично-базирани истражувања. Откривме дека ултимативно треба да работиме здружено и солидарно, да дефинираме нови и прогресивни граѓански стратегии на преземање одговорност за заедничкото културното наследство и иднината на взаемната меморија. Досега, работејќи рамо до рамо со поранешниот персонал во Заводот, Државниот архив и други експерти, успеавме да лоцираме важни аналогни предмети кои би можеле да најдат свое место во колекцијата. Тоа е бавен и макотрпен процес што нè тера да прашаме зошто е важно да се соберат и заштитат овие демаркирани аналогни податоци, кој ќе ги користи и во која мера ќе биде корисни во иднина.

За да заклучам, би сакал да се осврнам на социологот и политички теоретичар Рејмонд Вилијамс, кој го дефинира „остатокот“ како нешто што „е ефективно формирано во минатото, но сè уште е активно во културниот процес, не само и често воопшто не, како елемент на минатото, туку како ефективен елемент на сегашноста“.[1] Остатокот е евидентен насекаде околу нас. Негрижата повеќе не е опција. Во сегашната реалност треба да ја преструктуираме нашата посветеност кон социјалната екологија и одржливост, и во таа смисла да го зачуваме знаењето од исчезнување. Во таа насока, проектот може да се сфати како покана до јавните институции, независните организации и граѓаните да се придружат во обидот да се адресира важноста на ова и секое друго културно наследство со цел подобро да се разбере нашиот колективен идентитет, нашата идеја за заедницата и нашиот социо-политички напредок. И на крајот, разграничувањето на врементиот карактер на ситуациите во кои работите се конструираат и обликуваат според нивното значење, формално и теоретски, ќе стане дополнителна вредност во однос на прашањето за архивирање и/или прилагодување на знаењето надвор од институцијата и во доменот на јавното.

Во контекст на проектот „Взаемно поле на културната меморија, Проектниот простор Прес ту егзит изготви јавна програма која вклучуваше меѓународен симпозиум насловен „Еј, што имаме да изгубиме? Архивирањето како колективен чин на отпор“, со учесници како Сабина Саболовиќ (WHW, Загреб), Чарлс Еш (Музеј Ван Абен, Ајндховен) и Себастиан Цихочки (Музеј на модерна уметност, Варшава), како и истражувачки-базирана резиденциска програма со уметниците Антонис Питас, Тјаша Калкан и Јане Чаловски, која вклучуваше воведна изложбена програма во Музејот на современата уметност Скопје и јавна програма во Мобилната галерија на Центарот за современа уметност - Скопје (31 мај – 15 јуни, 2019).

Јане Чаловски

E padisiplinuar: Ndërtimi i një Arkivi

Jane Çavolski.

Gjithmonë kur do të përjetojmë humbjen e diçkaje që është e lidhur me historinë tonë të përbashkët, qoftë një dokument, një ndërtesë apo një person, ne mendojmë se po humbasim tokën nën këmbët tona, si në të tashmen ashtu edhe në të ardhmen. Kjo është një ndjenjë shqetësuese, konfuze dhe jashtëzakonisht rraskapitëse. Për më tepër, ideologjia e kujtesës dhe arkivimit, është një ndjenjë që është fuqimisht e pranishme edhe në mungesë të një arkivi të vërtetë (në rast se i njëjti është shkatërruar), i cili kontribuon që të gjitha veprimet e prodhimit të artit rreth arkivit të jenë sfiduese.

Pyetja kryesore që lind në hulumtimet e mia të artit është se si të përdoren fragmentimi, ndërprerja dhe paparashikueshmëria, si mjete për rikonekstualizimin e njohurive nga një arkiv. Puna ime shpesh ndjek elemente formale që janë në konspiracion, në përputhje me udhëzimet për krijimin e një sistemi dimensional nga subjekte të pastra vizuale dhe konceptuale, të cilat mund të bëhen të angazhuara politikisht dhe të rëndësishme nga ana shoqërore. Një vepër vizuale ose libër i bazuar në burime arkivore nuk është vetëm një ushtrim i mendimit, por gjithashtu krijon një realitet të ri fizik dhe me atë edhe politik. "E padisiplinuar: Ndërtimi i një Arkivi" (projekt aktual -2017) tregon për mungesën institucionale të arkivave adekuate dhe të disponueshme për publikun, të dokumentacionit teknik dhe fotografik të Master Planit për Shkupin nga arkitekti japonez Kenzo Tange, administruar me mbështetje të posaçme nga OKB-ja, që nga viti 1963 ( kur qyteti u shkatërrua nga tërmeti). Por projekti im i fundit është nxitur në të vërtetë nga një katastrofë tjetër: zjarri që shkatërroi ish "Institutin e Urbanizmit dhe Arkitekturës" të Shkupit në prill të vitit 2017, i cili ishte vendosur në barakat nga vitet 1960. Instituti, i cili nuk ekziston më, kishte një arkiv të rindërtimit pas tërmetit të Shkupit, si dhe projekte ndërtimi të projektuara në të gjithë Maqedoninë dhe republikat e provincat e tjera të ish Jugosllavisë. Në maj të vitit 2017, unë fillova një aksion civil (të udhëhequr nga Hapësira e Projektit Press to Exit dhe mbështetur nga individë të shumtë dhe organizata shtetërore dhe të pavarura në fushën e artit, arkitekturës dhe kulturës) për të mbrojtur dokumentacionin e shpërndarë në vendndodhjen e zyrave të Institutit. Si pasojë, ndërhyrja jonë në vendin e shkatërruar, procesi i gjatë i pastrimit, përzgjedhjes dhe arkivimit duhet të çojë në ringjalljen e materialit.

Qëllimi i "E padisiplinuar: Ndërtimi i një Arkivi" është, përmes analizave teorike dhe krijuese, për të theksuar prodhimin shoqëror shumështresor në krijimin e një forme të re të arkivave ekzistuese dhe të gjalla. Elasticiteti konceptual në konvergimin e trashëgimisë së modernes, nocioni i performancës dhe përdorimi i arkivave, përmes të cilave adresohen kushtet aktuale socio-kulturore, ekonomike dhe politike, janë çështje qendrore në praktikën time artistike.

Çështjen e neglizhencës sistematike të arkivit të planit urbanistik për Shkupin e adresova përmes punimeve të mia të mëparshme, "Master Plani" (2008), "Hapësira e Pushtuar" (2010) dhe i fundit "Qyteti i kaluar" (2017) . Ky interes imi i vazhdueshëm përfshin shumë koncepte kryesore që janë të rëndësishme për mua për t’i adresuar, të tilla si okupim, tranferim, riorganizim, përshtatje dhe kontribuim në ide, në kornizat e një premise kulturore, ekonomike dhe politike. Siç sugjeron edhe titulli, qëllimi i këtij punimi është përdorimi i një metodologjie jo-tradicionale për krijimin e një arkivi në sferën publike.

Qëllimi përfundimtar është të zhvillohet një koncepti disperzues (shpërndarës) i arkivit me pjesëmarrjen e institucioneve publike dhe qytetarëve, me një metodologji të hartuar ndër-disiplinore që do të gjenerojë vlerësime shoqërore, politike dhe kulturore të trashëgimisë kulturore moderniste përreth. Teorikisht, puna i referohet konceptit të "Formës së Hapur" nga arkitekti polak Oskar Hansen, ku mundësia për të papërfunduar (që nga ana tjetër aktivizon vlera të tilla si jo-dogmatizëm dhe demokraci) hap vazhdimisht hapësirë për kontekst të zgjeruar, marrëdhënie dhe interpretime, ashtu siç referon dhe artikulimi i Fukoovit për arkivat dhe nocionet për autorin dhe veprën. Prandaj, ne përpiqemi të përcaktojmë arkivin si një proces të rëndësishëm të adaptimit dhe shpërndarjes së njohurive të reja, që mund të përfshijnë flukse të reja dhe të hapura të shpërndarjes së përpunuar përmes lidhjes, urgjencës dhe jo-standarditetit të tij.

Në kuadër të kontekstit kërkimor të “Fushës së Ndërsjellë të Kujtesës Kulturore”, një projekt partneriteti ndërkombëtar me tre drejtime, ne kuruam një program që hulumton më tej konceptin e shpërndarjes, një propozim ku bashkërisht mund të propozojmë transformimin e trashëgimisë së shpërndarë arkitekturore moderniste, përsëri në domenin publik. Në bashkëpunim të ngushtë me individë, si dhe me institucione shtetërore dhe të pavarura, ne parashikuam që E (PA) disiplinuara, mund të shihet si një eksperiment me arkivin si metaforë, çështje kërkimore dhe metodologjie. Konteksti specifik maqedonas na lejoi të shikojmë se si oportunizmi politik reflekton dhe ndikon në aftësinë tonë për të shfaqur një pozicion kritik që do të jepte rezultate në sferën publike, duke përdorur hulumtime teorike dhe të bazuara në praktikë. Ne zbuluam se në fund të fundit duhet të punojmë së bashku dhe në solidaritet, për të përcaktuar strategji të reja dhe progresive qytetare për marrjen e përgjegjësisë për trashëgiminë e përbashkët kulturore dhe të ardhmen e kujtesës reciproke. Deri më tani, duke punuar krah për krah me ish-stafin në Institut, Arkivin e Shtetit dhe ekspertë të tjerë, kemi qenë në gjendje të gjejmë sende të rëndësishme analoge, që mund të gjejnë vendin e tyre në koleksion. Ishte një proces i ngadaltë dhe i mundimshëm që na bën të pyesim pse është e rëndësishme të mbledhim dhe mbrojmë këto të dhëna analoge të demarkuara, kush do t'i përdorë ato dhe deri në çfarë mase do të jenë të dobishme në të ardhmen?!

Për të përfunduar, do të doja t'i referohesha sociologut dhe teoricienit politik, Rajmond Uilliams, i cili përcakton "pjesën tjetër" si diçka "e formuar në mënyrë efektive në të kaluarën, por ende aktive në procesin kulturor, jo vetëm, dhe shpesh jo si një element i së kaluarës, por si një element efektiv i së tashmes ” [2]. Pjesa tjetër është evidente kudo rreth nesh. Pakujdesia nuk është më një mundësi. Në realitetin aktual, ne duhet të ristrukturojmë angazhimin tonë për ekologjinë sociale dhe qëndrueshmërinë, dhe në atë kuptim të ruajmë njohuritë nga zhdukja.

Në këtë drejtim, projekti mund të kuptohet si një ftesë për institucionet publike, organizatat e pavarura dhe qytetarët që të bashkohen në përpjekjen për të adresuar rëndësinë e kësaj dhe të çdo trashëgimie tjetër kulturore, në mënyrë që të kuptohet më mirë identiteti ynë kolektiv, ideja jonë për komunitetin dhe progresi ynë socio-politik. Së fundmi, kufizimi i karakterit kohor i situatave në të cilat gjërat ndërtohen dhe formësohen sipas kuptimit të tyre, formalisht dhe teorikisht, do të bëhet një vlerë shtesë në lidhje me çështjen e arkivimit dhe/ose përshtatjes të njohurive jashtë institucionit dhe në domenin publik.

Në kontekstin e projektit "Fusha e Ndërsjellë e Kujtesës Kulturore", hapësira e Projektit Press to Exit përgatiti një program publik, që përfshinte një simpozium ndërkombëtar me titull "Hej, çfarë kemi për të humbur?" Arkivimi si një akti kolektiv të rezistencës ", me pjesëmarrës si Sabina Sabolovi ((WHW, Zagreb), Charles Ash (Muzeu Van Aben, Eindhoven) dhe Sebastian Cihochki (Muzeu i Artit Modern, Varshavë), si dhe një program rezidencial i bazuar në kërkime me artistët Antonis Pitas, Tjasha Kalkan dhe Jane Çalovski, i cili përfshinte një program prezantues ekspozues në Muzeun e Artit Bashkëkohor, Shkup dhe një program publik në Galerinë Mobile të Qendrës për Art Bashkëkohor - Shkup (31 maj - 15 qershor 2019).

 

 

 



[1] Raymond Williams, Marxism and Literature (Oxford: Oxford University Press, 1977), 122.

[2] Raymond Williams, Marxism and Literature (Oxford: Oxford University Press, 1977), 122.