Публикација за извештај за менторство во креативните индустрии

Едукација | P4CA – Partnership for Creative Apprenticeships Project | Публикација за извештај за менторство во креативните индустрии | 5 октомври, 2020

Партнерството за креативно приправништво (P4CA) има за цел да поддржи креативно учење преку градење на вештини на ментори и обучувачи во рамки на креативниот сектор. Проектот ја промовира примената на Европската рамка за практиканство во културните и креативните индустрии во 6 европски земји и развива нови содржини за обука и заеднички квалификации за овие ментори за интегрирање на учењето базирано на работа и примена на знаење во практични ситуации на работното место.

Следствено, ги објавуваме првите резултати на проектот: извештајот од досегашната работа.

Извештајот дефинира рамка за споделување на знаењето на шесте партнерски земји за факторите на успех, најдобрите практики, препреки и бариери за менторсво преку идентификување стратегии за ефикасно спроведување на стажирање во културните и креативни индустрии. Резултатите ќе се користат за дизајнирање на професионален профил и стандарди за компетентност и неформален пат за учење за улогата на ментор.

За да дознаете повеќе за профилот на ментор во партнерските земји, како и графички резимеа за различните национални контексти.

https://www.p4ca.eu/newsletter-2/?fbclid=IwAR0uC0n0dpxWGsFfwGrx7mq1R4T-loW8WhH5LuqaNy4NEXcGhRUUhYCPmy8