Хибридни институции за хибридна култура

Надворешни активности | Јане Чаловски  | ЈАДРО Асоцијација на независната културна сцена | Хибридни институции за хибридна култура  | 15 декември, 2020

ЈАДРО Асоцијација на независната културна сцена прeтставува

Јавна дискусија со Филип Хорст (KUNSTrePUBLIK & ZK/U, Berlin), Марко Клаусен (Princess Gardens and Neighborhood Academy, Berlin), Елена Велјановска (Disruption Network Lab, Berlin) и Јане Чаловски (Јадро, Скопје).

Дискусијата е дел од годишниот проект „Хибридни институции за хибридна култура“ во продукција на ЈАДРО - Асоцијација на независната културна сцена, кој е финансиски поддржан од Гете-институт Скопје. Проектот се фокусира на поимањето на начинот на кој независната културна сцена ги дефинира новите модели на институционален дизајн за да обезбеди системска промена и можност за долгорочна одржливост на културниот сектор во рамките на граѓанското општество. Главната цел на овој проект е зајакнување на позицијата на независната културна сцена на национално и меѓународно ниво, како и зајакнување на методологиите и процесите на демократизација и демонополизација во општествено-политичката јавна сфера.

Дискусијата што ќе ја следи ќе ја модерира Елена Велјановска, која активно ги следи уметничките и културните сцени во Берлин и Скопје и учествува во воспоставување критички дијалози помеѓу истите. Јане Чаловски накусо ќе го претстави проектот на Јадро и гостите говорници.

https://www.facebook.com/events/2784914508395787/?acontext=%7B%22action_history%22%3A[%7B%22surface%22%3A%22page%22%2C%22mechanism%22%3A%22page_admin_bar%22%2C%22extra_data%22%3A%22%7B%5C%22page_id%5C%22%3A407351452638448%7D%22%7D%2C%7B%22surface%22%3A%22events_admin_tool%22%2C%22mechanism%22%3A%22events_admin_tool%22%2C%22extra_data%22%3A%22[]%22%7D]%2C%22has_source%22%3Atrue%7D

https://www.jadroasocijacija.org.mk/