Соба за паника или скок во мислењето

Надворешни активности | Јане Чаловски и Христина Иваноска | групна изложба „Panic Room или скок во мислењето“ | 2 октомври 2020 година, Музеј на современата уметност – Скопје

Последиците од климатските промени, на чии процеси во голема мера влијае нaчинот на којшто човекот се однесува, ја искористува и уништува природата, забрзано ги менуваат животните услови: загаден воздух, почва, мориња, топење на мразот, пожари, поплави, уништени екосистеми, миграции, глад, пандемии...Изложбата ја тематизира состојбата на глобалната опасност што му се заканува на светот.

На групната изложба „Panic Room или скок во мислењето“ земаат учество уметниците: Искра Димитрова, Нехат Беќири, Верица Ковачевска, Нада Прља, Велимир Жерновски, Матеј Богдановски, Христина Иваноска, Јане Чаловски, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски и Никола Узуновски и групата ОПА. Кураторка на изложбата е Љиљана Неделковска.


http://msu.mk/panic-room-%d1%81%d0%be%d0%b1%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%b0/