Скршено
Надворешни активноста | Христина Иваноска | групна изложба „Скршено“ во рамки на Викенд на гордоста | 2 септември, 2020 година, Музеј на современата уметност Скопје
Во услови на сѐ поголемата закана од неолиберализмот, како и националистичките, хетеронормативни и маскулинистички/фалоцентрични идеали на единство, чистота, целосност, едноликост, успех и совршенство, СКРШЕНО се обидува да понуди квир перспектива втемелена врз претставата дека сме скршени на фундаментален и специфичен начин, и дека токму таа скршеност нуди можност за алтернативни политички хоризонти. Со изложбата сакаме да го истражиме концептот на скршеноста како одлучувачка позиција во рамките на поширокиот кураторски субјект за суровиот оптимизам.
Групната изложба „Скршено“ вклучува дела од Феликс-Гонзалез Торес, Полин Бодри и Ренате Лоренц, Карин Мичалски, Христина Иваноска, Велимир Жерновски, и Хермес Питакос и Федерика Даури, а куратор на изложбата е Славчо Димитров.
Во рамки на изложбата Христина Иваноска е претставена со делото МАЈЧИЦЕ МИЛА! КОЛКУ ЧУДНО Е ДЕНЕСКА СÈ!, инсталација од 5 грнчарски садови изработени во earthenware керамика, рачно обликувани и сликани со декоративни керамички бои, и 6 дигитални отпечатоци, 2014
http://coalition.org.mk/wp-content/uploads/2020/08/Broken_Katalog_web.pdf?fbclid=IwAR0EgTEtxiNbhl56xWzomqlZIJDTwOXC_GKwK5ZoZKdaa37sny8JgqjZMr4