Поддршка со грант од Фондација за уметнички иницијативи

Соопштение | Проектен простор Прес ту егзит е добитник на грант од Фондацијата за уметнички иницијативи. 

Проектниот простор Прес ту егзит има чест да објави дека програмските активности за 2020 година ќе бидат реализирани со значајна поддршка од Фондацијата за иницијативи за уметност. Како признание на важноста на неговата работа, Проектен простор Прес ту егзит доби еднократен грант во состојба на итност, за општа оперативна поддршка во време на оваа глобална криза.
Фондацијата за уметнички иницијативи е приватна, независна фондација која грантира од 1999 година.Денес, таа е предводена од мала група доверители кои се лидери на сопствените уметнички институции во различни делови на светот. Независноста на фондацијата е клучна за нејзината работа и идентитет. Таа не е поврзана со ниту една владина агенција или службено тело. Во текот на изминатите неколку години, Фондацијата има воспоставено програми за грантови за поддршка на куратори, уметнички институции и специјални проекти во визуелните уметности.Една од целите на е да генерира повеќе размислување и дискурс за историјата на иницијативи за финансирање на локално и меѓународно ниво - нивната историја, нивните предности и нивните проблеми. На овој начин, Фондацијата за уметнички иницијативи има за цел да ја прошири својата улога надвор од традиционалното грантирање.
 
www.faiarts.net