АНАЛИЗА на резулататите од анкетата „Ефектот на COVID-19 на животот и работата на уметниците и културните работници“

Надворешни активности| АНАЛИЗА на резулататите од анкетата „Ефектот на COVID-19 на животот и работата на уметниците и културните работници“ спроведена од ЈАДРО за вонредната ситуација која се однесува на ефектот на пандемијата врз животот и работата на уметниците и културните работници од независната културна сцена во Република Северна Македонија 
 
Вовед во анализата 
 
ЈАДРО ја подготви анкетата „Ефектот на COVID-19 на животот и работата на уметниците и културните работници“ со цел да собере податоци и овозможи увид во штетата која ја трпат уметниците и културните рабоници на територијата на Република Северна Македонија од периодот на воведување на мерките за спречување на ширење на вирусот COVID-19. Анкетата беше прилагодена од истражувањето кое го спроведе Независната културна сцена на Србија (НКСС) на територијата на Република Србија, а превземена од Culture Venture и Toni Attarda (www.cultureventure.org) и адаптирана во согласност со Creative Commons лиценцата. 
Анкетата беше испратенa на 30 март 2020 г. до членовите на Јадро, на широката емаил листа на културни работници, институции и организации, а истовремено беше споделена и преку социјалните мрежи до сите останатите независни уметници и културни работници кои живеат и работат во Македонија. Преку онлајн формулар, до 8 април беа собрани 130 одговори од поединци од областа на културата. Резултатите добиени од анкетата, кои тука се сумирани, се однесуваат исклучиво на планирани активности во периодот од почетокот на негативните ефекти од ширењето на вирусот COVID-19. 
 
Испитаниците кои одговорија на прашалникот претставуваат широк спектар на културни работници и уметници кои спроведуваат или се дел од независни или институционални програми за култура во различни градови во Македонија и делуваат во повеќе области (некогаш и истовремено). Најмногубројни се чинителните на дејност кои се идентификуваа со областа музика вкупно 73 (односно 56.2%), додека интересен е заклучокот дека приличен број се идентификува со интердисциплинарни практики вкупно 29 (односно 22.3%) со што потврдува дека испитаниците може да бидат афектирани негативно во повеќе специфични области (од креативно пишување до едукација, области кои се под 5%). Целокупната листа и графиконот го потврдуваат следното:  
 
• од областа на музиката вкупно 73 (односно 56.2%),  • од областа визуелните уметности вкупно 35 (односно 26.9%),  • од областа на интердисциплинарни практики вкупно 29 (односно 22.3%), • од областа на театарот вкупно 20 (односно 15.4%),  • од областа на филмот вкупно 17 (односно 13.1%), • од областа на телевизијата вкупно 7 (односно 5.4%),  • од областа на занаетчиство вкупно 6 (односно 4.6%),  • од областа на креативно пишување вкупно 5 (односно 3.8%),  • од областа на мода и дизајн вкупно 5 (односно 3.8%),  • од областа на танцот вкупно 3 (односно 3.2%), • од областа на архитектура вкупно 2 (односно 1.5%),  • од областа на образование вкупно 1 (односно 0.8%),  • од областа на публицистика вкупно 1 (односно 0.8%),  • од областа на дизајн на ентериер вкупно 1 (односно 0.8%),  • од областа на издаваштво вкупно 1 (односно 0.8%),  • од областа на графички дизајн вкупно 1 (односно 0.8%),  • од областа на археологија вкупно 1 (односно 0.8%),  • од областа на креативни комуникации вкупно 1 (односно 0.8%),  • од областа на едукација вкупно 1 (односно 0.8%).  
 
Покрај спроведувањето на нивните редовни програми на локално и национално ниво, кои вклучуваат активности како што се концерти, изложби, проби, работилници, едукации, резиденции со локални и/или меѓународни уметници, некои од вклучените организации спроведуваат обемни меѓународни проекти и се дел од меѓународни консорциуми на мрежи и програми. 
Покрај тоа, дел од поединците и организациите (27 на број, односно 37.7%) се членки на Јадро Асоцијацијата, а останатите се дел на други непрофитни здруженија, организации  и независни простори кои се разликуваат по моделот на финансирање и самофинансирање, што дополнително придонесува за динамична анализа врз спроведените резултати.
 
  Индикатори и проценки на негативните ефекти на вирусот COVID-19 врз уметниците и културните работници од независната културна сцена 
Уметниците и културните работници кои одговорија на прашалникот индицираат дека повеќето од планираните активности (јавни настани, работилници и едукации, студиски посети, изложби и слично) нема да се реализираат во периодот додека траат вонредните мерки против ширење на вирусот COVID-19. Споменатите активности се програми и проекти финансирани или кофинансирани од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Европски фондови, други донатори и слично. 
 
Одговорите на 130 испитаници, укажуваат дека најголем дел од испитаниците се невработени, вкупно 51 (односно 39.2%), а како вработени се изјасниле 31 испитаник (односно 23.8%) на кои може да се надоворзе и резултатот дека 18 испитаници (односно 13.8%) се со статус на самостојни уметници и трговци поединци. Повремено вработени, т.е. 14 (односно 10.8%) се ангажирани со договор на дело со платени придонеси, а 10 испитаници (односно 7.7%) се ангажирани без платени придонеси т.е. како надворешни соработници. Најмалку од испитаниците се идентификуваат во следните категории: 1 (односно 0.8%) е вработен во сопствена фирма, 1 (односно 0.8%) е повремено ангажиран со договор на дело, 1 (односно 0.8%) е студент, 1 (односно 0.8%) е пеач, 1 (односно 0.8%) е занаетчија и 1 (односно 0.8%) е ангажиран во невладина организација (претпостабуваме во капацитет на практикант). Резултатите укежуваат на тоа дека приличен процент од испитаниците (околу 75%) ќе бидат опфатени со откажување на настаните на јавни места, односно нема да можат да добијат бенефиции за работа. 
 
Од вкупно 130 испитаници, 116 (односно 89.2%) одговориле дека воведувањето на мерки за спречување на ширење на COVID-19 вирусот негативно влијаеле врз нивната работа, додека 10 испитаници (односно 7.7%) одговориле дека не можат да проценат, а само 4 испитаници (односно 3.1%) дека немаат никакво влијание.  
 
Според анкетата одложени се 40 настани кои се однесуваат на уметничка едукација; 45 уметнички активности и случувања во јавен простор како изложби, перформанси; 53 настани поврзани со проби, дела во процес и слично; 45 музички настани, дј сетови, свирки во клубови и слично; 49 конференции и семинари; 53 меѓународни проекти; 54 работилници. Испитаниците пријавиле дека од областа на уметничката едукација целосно се откажани 45 настани, исто така откажани се 70 уметнички случувања, 52 дела во процес, 72 музички настапи, 57 конференции и семинари, 55 меѓународни проекти, 59 работилници. Измени претрпеле 20 проекти од областа на уметничка едукација, 6 уметнички активности, 8 дела во процес, 5 музички настани, 5 конференции и семинари, 7 меѓународни проекти и 5 работилници. Онлајн се спроведуваат 25 проекти од областа на уметничка едукација, 9 уметнички активности, 17 дела во процес, 3 музички настани, 19 конференции и семинари, 15 меѓународни проекти и 12 работилници. 
 
Вкупно 108 испитаници (односно 83.1%) веќе почуствувале финансиска загуба, 17 испитаници (односно 13.1%) не се во состојба да проценат, додека 5 (односно 3.8%) се изјасниле дека немаат финансиска загуба. За 69 испитаници (односно 53.1%) целиот финансиски приход е загубен, 35 (односно 26.9%) одговориле дека го загубиле најголемиот дел од приходот, 9 (односно 6.9%) загубиле мал дел од приходот, 15 (односно 11.5%) не се сигурни дали имаат финансиски загуби а 2 (односно 1.5%) немаат загуби. 
 
Најголемиот дел, вкупно 47 (односно 36.2%) испитаници имаат финансиски загуби помеѓу 3060.000 денари, 25 (односно 19.2%) помеѓу 15-30.000 денари, 15 (односно 11.5%) помеѓу 60-120.000 денари, 5 (односно 3.8%) помалку од 30.000 денари, 4 (односно 3.1%) повеќе од 120.000 денари, 2 (односно 1.5%) повеќе од 300.000 денари, 27 (односно 20.8%) не се сигурни во однос на загубите, а 5 (односно 3.8%) немаат финансиски загуби. 
 
 Доколку сегашното сценарио продолжи, 64 (односно 49.2%) испитаници предвидуваат дека просечна финансиска загуба на неделна основа им изнесува 6-12.000 денари, 16 (односно 12.3%) испитаници помеѓу 12-24.000 денари, 15 (односно 11.5%) испитаници помалку од 6.000 денари, 6 (односно 4.6%) повеќе од 24.000 денари, 1 (односно 3.8%) предвидува дека нема да има финснсиски загуби додека 28 (односно 21.5%) не се сигурни колку ќе изнесуваат нивните финансиски загуби на неделно ниво.  
 
Кај 87 (односно 66.9%) од испитаниците семејството зависи од нивниот приход, кај 15 (односно 11.5%)  испитаници други уметници зависат од нивниот приход, кај 8 (односно 6.2%) други изведувачи на работи, кај 1 (односно 0.8%) испитаник зависи вработено лице, додека кај 19 (односно 14.6%) испитаници никој не зависи од нивниот приход.  
 
Од вкупно 130 испитаници за обезбедување дневни трошоци загрижени се 96 испитаници, 51 се умерено, а 7 не се загрижени. За обезбедување приходи загрижени се најмногу и тоа 96 лица, 30 се умерено, а 4 не се загрижени. За почитување на договор загрижени се 74 лица, 40 се умерено, а 9 не се загрижени. За лична благосостојба загрижени се 68 лица, 56 се умерено, а 7 не се загрижени. За идни ангажмани загрижени се 89 лица, а 9 се умерено загрижени. За создавање нови дела загрижени се 71 лица, 42 се умерено, а 19 не се загрижени.  
 
Поединци во анкетата се јавија со апел државата односно Министерството за култура да ги помогне сите оние уметници кои без разлика дали се регистрирани или не, се спречени да остваруваат приход.   
 
Културниот сектор е првиот кој директно и веднаш го погоди новонастанатата ситуација, а последен кој ќе заживее откако ќе заврши состојбата.  Испитаниците детектираат дека освен организациите и организаторите на проекти загуба имаат и оние уметници или учесници кои биле поканети да земат учество во прокети и културни настани, кои во моментот не можат да бидат исплатени бидејќи не е извесно дали и кога тие настани ќе се одржат а ги планирале хонорарите кои требале да ги добијат од страна на здруженијата/организаторите. Истото важи и за оние соработници кои се ангажирани како технички лица при организирање на настани. 
 
Се искажаа реакции дека некои од донаторите, преку кои била обезбедена финансиска подршка за одредени проекти, инсистирале грантистите да одржат дигитални предавања со планираните интернационални учесници во април не прифакајќи им ја иницијативата да се одложат проектите за месец септември 2020 кога ќе се стабилизираат работите. Истите си дозволуваат да прават промени во буџетот, ја менуваат сумата предвидена за настанот за која исплатата е исто така несигурна периодов, без да ја земат во предвид ситуацијата дека организацијата не е во можност да обезбеди кофинансирање во овој период за преоек кој треба да се одржи дури и онлајн. 
 
Во анкетата беше изнесено и мислење дека Министерството за култура треба да направи одредени корекции во својата работа и не само еднаш годишно да објaвува конкурс за аплицирање за самостојни уметници туку и да ги отвори критериумите и за поединци кои се во други области не поркиени од повикот (како на пример независни куратори или интердициплинарни автори).  
 
Еден од предлозите во анкетата беше по завршување на кризата вработените колеги да дадат предност на невработените колеги први да ги почнат своите проекти во институциите, за да може да имаат барем некаков хонорар за опстојување. 
 
Дел од испитаниците реагираа на обвинувања од државната администрација, дека независната култура и уметност самите по себе се неисплатливи, што секако не е вистина и е предмет на понатамошна сериозна дебата. Истите посочуваат дека е потребна сериозна сондажа и детектирање кон сите позитивни и негативни тенденции кои директно и индиректно влијаат на одржливоста на правните лица-фирми, (од старт-ап до долгогодишни правно/трговски субјекти), кои се препознатливи и на домашната и на меѓународната културно-уметничка јавност. 
 
ПРЕДЛОГ НА МЕРКИ 
1. Помош од Министерството за култура на Република Северна Македонија за 2020 година 
• Министерството за култура да најде начин да го дистрибуира планираниот дел од буџетот за 2020 година, итно да се потпишат сите договори и да изврши итна исплата на одобрени и договорени средства по проекти за 2020 година за да им се овозможи на организациите (и на индивидуалците) да преживеат, да го задржат просторот и тимот.  
• Да се дозволи договорните активности да бидат модифицирани со сродни активности, така што договорените средства да не мора да бидат вратени за неисполнување на обврските (на пр. за реализација на он-лајн програми и активности, признавање на домашни трошоци потребни за 
 
 
 
работа, итн.). Како и да им се овозможи на организациите и индивидуалците да предлагаат нови или дополнителни активности што можат да ги спроведат во рамки на поддршката што ја добиле. 
• Доколку организациите имаат повеќе од една одобрена програма или проект финансиран од Министерството за култура, да се овозможи пренесување на средства од еден проект во друг, така што организациите да имаат поголема флексибилност во управувањето со добиените средства. 
• Да се препознаат организациските трошоци како редовни трошоци на програмата во минимален износ од 30% и да се овозможи финансирање или кофинансирање на режиски трошоци (режиски трошоци за користење на домашен простор како работен простор, простор за изнајмување, плати на вработените, сметководство и сл.) преку одобрена поддршка од Министерството. 
• Да се обезбеди плаќање на такси однапред (минимум 80%) во случаи на задоцнето спроведување на дејноста и доколку изведувачот процени дека програмата може соодветно да ја изврши со подоцнежен датум. 
• Да се покаже флексибилност во временското и идејното спроведувањето на дадените индикатори на проектот бидејќи одреден број активности нема да биде можно да се извршат во планираната форма. 
• Да се продолжи времето на извршување на програмата од страна на организации што ќе бидат спречени да ги реализираат своите активности поради затворени простори и слично. 
• Да се признаат досега направените трошоци за организирање на активностите и програмите, и покрај откажувањата или доцнењата во нивната имплементација (на пр. откажани авионски билети, трошоци за тековно работење и слично). 
 
 
2. Грантови од Европски фондови 
• Да се забрза примената и имплементацијата на Конкурсот за медиуми на Заедницата 1 кој е во процес на евалуација и да се овозможи Медиуми на Заедницата да се користи како платформa за одржување на програмата. 
• Да се забрза спроведувањето на објавените повици за ЕCF (European Culture Foundation) за млади, култура и граѓански активности, објавени за првата половина на 2020 година, со цел да се обезбедат дополнителни средства за работа. 
• Да се олесни развојот на дигитални платформи/дистрибутивни канали кои ќе овозможат одржување на дел од програмата во поинаква форма, а не само „во живо“, како и да се обезбеди финансирање на развој на дигитални платформи од средствата предвидени за „Заедницата медиуми 2“ во ЕCF (European Culture Foundation).  
• Да се зголемат одобрените средства преку сите средства заради неможноста да се функционира предизвикани од откажување на сопствените приходи за учество што сочинуваат удел во целокупното организациско и програмско функционирање - во случаи кога средствата на 
 
 
 
Министерството за култура и другите финансиери не се доволни да ги реализираат сите аспекти на програмата (на пр. 30% од договорените фондови) 
  
3. Соработка со локална самоуправа 
• Заложба на локално и регионално ниво средствата за програмските активности на здруженијата и поединците за 2020 година да не бидат намалени и да се апелира за исплата на заостанати исплати за 2019 година 
• Препорака за предлози мерки за признавање на активности и трошоци за единиците на локалната и регионалната самоуправа, како и на сите други донатори на културниот и граѓанскиот сектор (вклучително и проекти за ЕСФ каде што Министерството за култура е ПТ1) 
• Препорака до локалната самоуправа и Град Скопје и локалните општини, здруженијата што управуваат со нивните простории да бидат ослободени од плаќање на сите тековни долгови за изнајмување на простор и комунални услуги и до понатамошно запирање на наплата и плаќање на сите нови обврски поврзани со користењето на просторот 
• Во соработка со единиците на локалната самоуправа и Министерството за државен имот, во случај на повторно започнување на програмата, заради очигледната просторна недоволности / пренатрупаност, да се обезбеди „фонд“ на простор кој ќе биде достапен за организации и независни уметници без одложување за употреба и бесплатно за изведба на планирани активности 
• Препорака до ЗАМП (Здружение за заштита на авторски музички права) ослободување од плаќање на такси 
• Да се воспостави соработка со програмата на МРТ во однос на дистрибуцијата на програмски содржини на МРТ.  
 
Анкетата и анализата ги подготвија: Христина Иваноска (Член на Управниот одбор на Кооператива - Регионалната платформа за култура, Загреб и член на Јадро), Јане Чаловски (Претседател на Јадро), Јованка Попова (Член на Управен одбор на Јадро).  
 
За повеќе информации: 
ЈАДРО - Асоцијација на независната култирана сцена  
ул. Алберт Ајштајн бр. 2, МК 1000 Скопје