Херои за еден ден - Навраќање кон три урбани артефакти на словенечките архитекти во Скопје

Надворешни активности | Јане Чаловски | учество во проектот „Херои за еден ден - Навраќање кон три урбани артефакти на словенечките архитекти во Скопје“ | куратори: Нада Прља и Даниел Серафимовски | МОБ – Македонска опера и балет | 27.06 – 14.07.2016

SIA Gallery“ ве поканува на отворањето на изложбата и промоција на книгата „Херои за еден ден - Навраќање кон три урбани артефакти на словенечките архитекти во Скопје“

Изложбата одново ги согледува делата на трите словенечки автори/бироа, чии градби во Скопје станаа клучни обележја дефинирајќи „градови во градот“: МОБ - Македонската опера и балет како дел на Културниот Центар на Биро 71 (изградена 1972-'81), УКИМ - Универзитетскиот центар „Свети Кирил и Методиј“ на Марко Мушич (изграден 1970-'74) ПМФ - Природно-математичкиот факултет на Едвард Равникар (изграден 1949-'51).

Куратори: Нада Прља и Даниел Серафимовски

Учесници и сооработници: Виолета Бакалчев / Минас Бакалчев (архитекти), Иван Блажев (фотограф), Мартин Гулески (архитект), Јован Ивановски / Владимир Десков / Ана Ивановска-Дескова (архитекти), Влатко П. Коробар (архитект), Зоран Петровски (куратор), Душан Перчинков (уметник), Илија Прокопиев (уметник), Андријана Тилиќ (фотограф), Никола Узуновски (уметник), Митко Хаџи-Пуља (архитект), Берт Стаин (писател), Драган Христов (моден дизајнер), Јане Чаловски (уметник)

Иницијатори и креативни директори на изложбата и на публикацијата се архитектот Даниел Серафимовски и уметницата Нада Прља, основачи на независната културна агенција и галерија „SIA“ од Скопје.

https://www.facebook.com/events/1608317112791806/