Изложба / Наопаку

Надворешни активности | Јане Чаловски и Христина Иваноска | групна изложба Upside Down: Hosting the Critique”  | концепт: Аленка Грегориќ и Сузана Милевска | куратосрко-истражувачки тим: Зоран Ериќ ,  Аленка Грегориќ, Вит Хавранек, Сузана Милевска, Владимир Видмар и Ралуца Воинеа | Музеј на град Белград  | 24.06 – 24.07. 2016

Upside Down: Hosting the Critiqueе ко-кураторска интер-дисциплинарна изложба чија главна тема е трансформирање на улогата на музеите, галериите и другите јавни институции за производство, презентација и колекција на современа уметност во периодот на транзиција, како и трансформацијата на улогата на уметникот и улогата на независните простори во овие процеси.

Изложбата е обид да се анализираат уметнички практики со цел да се критикуват постоечките модели на институции, нивните програми и условите во кои тие се грижат за уметничката продукција; Покрај тоа, целта е да се посочи кон итноста на пронаоѓање и примена на нови алтернативни меѓународни и транс-институционален модели, стратегии и улогата на уметнилките институција. Главните прашања кои ги поставува проектот се: како институции влијаат едни на други и како тие се менуваат за време на заедничкото работење и соработка за време на транзицијата од централизирана економија кон пазарна економија, и кој е ефектот кој уметниците и уметничките проекти го имаат врз  таквата трансформација. Проектот, всушност, ги испитува резултатите и границите на институционалната критика и нео-институционализмот (како што биле првично се дефинира во контекст на западната уметност) како и различни методи со кои уметниците се користат како критика на институциите во различни историски, општествено-политички, економски и културни контексти.

http://msub.org.rs/naopacke-udomiti-kritiku