Hauntopia/What if

Надворешни активности | Христина Иваноска  | перформанс “Hauntopia/What if” | Академијата за ликовни уметности во Виена |  MIMOK Cinema | 8 јуни, 2016

Traveling through gaps of imagination, summoning ghosts of the colonial presence, following traces of unfinished revolutionary moments. Momentary openings of I-think-I-know, animated suspension, presence of absence. Do not be afraid.

Во рамките на Hauntopia / What if, концептуално осмислена и организирана од страна на докторската програма PhD in Practice на Академијата за ликовни уметности во Виена, Христина Иваноска (кандидат на истата програма) презентира дел од своето истражување за проектот "Документ кој недостасува: деликатното разбирање на вистината во усната историја " во форма на перформанс насловен "Документ кој недостасува: перформанс бр.3".  Во ова дело Иваноска се враќа на промислување на животот и делото на Роза Плавева (1873-1970) социјал-демократка, борец за женски права и активистка, со намера да ги детектира и да разбере конфликтните еманципациски процеси во Македонија во првата половина на 20 век. Изворите на информации се базираат врз усна интерпретација на историските настани, кои се неконзистентни и склони кон манипулација, а кои уметницата  ја инспирираат да го искористи перформансот како алатка за соочување со минатото, во контекст на сегашноста. Иваноска работи дела во контекст на историјата на Роза Плавева од 2004 година.

Hauntopia / What if исто така вклучува дела од уметниците Ana Adamovic, Anette Baldauf, Aline Benecke, Silvia das Fadas, Zsuzsi Flohr, Moira Hille, Marta Zofia Holubowska, Hristina Ivanoska, Janine Jembere, Belinda Kazeem-Kaminski, Renate Lorenz, Rafal Morusiewicz, Lisa Nyberg, Naomi Rincon Gallardo и Keiko Uenishi.