Велимир Жерновски
Велимир Жерновски (1981, Скопје) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје. Во моментов тој е студент на постдипломски студии на Катедрата за културни студии на "Евро-Балкан " Институт за општествени и хуманистички истражувања во Скопје. Има остварено повеќе самостојни изложби во Македонија и странство: Њујорк (2010, 2012), Париз (2011), Виена (2009, 2011), Фрајбург (2009), Скопје (2006, 2007, 2010, 2012, 2013), има учествувано во групни изложби во Словенија, Косово, Австрија, Германија, Холандија, Македонија, Турција и САД. Тој е куратор и ко-куратор на неколку проекти и изложби и учествувал во повеќе меѓународни проекти и соработки. Има работено како кураторски асистент на press to exit project space - специјален проект на швајцарската програма за култура во Македонија, а во моментов работи како истражувач на Универзитетот Евро-Балкан; Член е на Програмскиот одбор на ИТИ (Меѓународниот театарски институт - Македонија) и активно учествува во програмата на Коалицијата "Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници". Од 2008 Жерновски е ко-основач и претседател на FRIK Формација за развој на иницијативи во културата, организација која работи на мотивирање на социјално ангажирана уметност продукција и демократизација на општеството, преку предрасудите и стереотипите. Преку медиумите на цртежи, видеа, инсталации, објектни инсталации во јавниот простор, пишување и објавување на уметникови книги ги истражува поимите на идентитетот, урбаноста и популарната култура, како и сексуалноста и родовиот идентитет.
http://www.zernovski.com
http://www.cee-art.com/macedonia/zernovski-velimir.html
https://www.facebook.com/zernovskivelimir