Отворен повик | Summer School as a School 2017

Отворен повик и презентација | Summer School as School Stacion организирано од Stacion center for contemporary art од Приштина | Музеј на современа уметност - Скопје | 11-ти април, 2017
Студено од Балканот

Отворено предавање и разговор со Елке Красни: “Involved: Urban Curatorial Practice”
Отворено предавање и разговор со Елке Красни: “Involved: Urban Curatorial Practice” | 5ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ | Институционалното како јавно | организиран од Проектен простор Прес ту егзит | 30 септември и 1 октомври, 2016, Клуб ГЕМ и Социјален центар Дуња, Скопје, 19.00 - 21.00
„Што значи да се биде инволвиран? Наспроти позадината на историите и теориите за урбаните интервенции, привремено експерименталната архитектура, социјално ангажирани уметнички практики, како и критички просторни практики, Елке Красни дава вовед во концептот за инволвираност. Урбаното курирање е нужно инволвирано. Инволвирањето значи и споделување и вплеткување. Кои се импликациите и компликациите од ваквото споделување и вплеткување, односто инволвираност? Урбаното курирање е инволвирано во материјалните, социјалните, културните, политичките и економските урбани состојби. Урбаното курирање е дел од динамиката на урбана трансформација. Затоа, урбаното курирање е вмешано во, и воедно искомплицирано од состојбите во реалниот свет, во услови на глобализиран неолиберализам, постколонијализам, меѓународна миграција, нееднаков развој, и урбани кризи. Инволвираната практика, оттука, условува критичко истражување, материјалистичка анализа, трансверзална соработка. Инволвираната практика се базира врз повеќе различни распределени урбани сознанија, во мноштво. Предавањето се базира врз примери од нејзините кураторски практики, како Mapping the Everyday.Neighbourhood Claims for the Future и Hands-On Urbanism. The Right to Green.“
Раскажувајќи го Скопје. Скопје 2014: Хегемониски и спекулативни наративи

Аудио тура: „Раскажувајќи го Скопје. Скопје 2014: Хегемониски и спекулативни наративи“, уметнички дел од докторска дисертација на Ивана Сиџимовска | 5ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ | Институционалното како јавно | организиран од Проектен простор Прес ту егзит | 30 септември, 2016, плато пред Музеј на град Скопје
Уметничкиот дел од докторското истражување на Сиџимовска е поврзан со неолиберални симболични урбани реконструкции, со фокус на преобразбата на градот Скопје односно ефектите на урбаното обновување врз јавниот простор. Создадена на основ на граѓаните и нивните субјективни приказни, замислени ситуации и искуства на урбаното, кои ги споделиле при прошетка со авторката, се создава шпекулативен наратив на градот, во кој се проектираат идеи за повторна проценка, преформулирање и поинакво толкување на реконструкцијата. Во комбинација со повеќе сонични опсервации, снимани на бинаурален начин, оригиналните интервјуа со граѓаните се процесираат, преведуваат и развиваат во форма на интерактивна сонична прошетка.
Бројот на присутни на турата е ограничен, а заинтересираните за настанот своето присуство во еден од посочените термини ќе можат да го потврдат на:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.