Просторни тенденции во (ко)оперативни практики - за начините на де-регулација, индивидуалните капацитети и нивната иднина

Предавање на Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли „Просторни тенденции во (ко)оперативни практики - за начините на де-регулација, индивидуалните капацитети и нивната иднина“| 6ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ | Простори, функции, фикции и други заеднички именители | организиран од Проектен простор Прес ту егзит | 13 мај, 2017, Социјален центар „Дуња“, Скопје, 20.00 ч.
Ве известуваме дека во сабота, 13.05.2017, во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје со почеток во 20:00 ч. ќе се одржи отворено предавање и дискусија со Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли од уметничкиот колектив <dienstag abend> од Виена, Австрија насловено “Просторни тенденции во (ко)оперативни практики - за начините на де-регулација, индивидуалните капацитети и нивната иднина".
Предавањето ќе започне со кратко претставување на колективот <dienstag abend>, а потоа ќе се осврне на работата реализирана во Европскиот град на културата Вроцлав 2016, фокусирајќи се на социјалните влијанија на донесување на политички одлуки за делата во јавен простор, а со тоа и на улогата на афективното информање. Исто така, ќе се претстави и партнерската иницијатива со Фондацијата Атанас Петров и тековниот проект во Медицинскиот музејот во Плевен, Бугарија, фокусирајќи се на начините за постоењето на тој простор.


