
Предавање на Себастијан Цихочки „Ова е уметност и уметноста е многу нешта“| 6ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ | Простори, функции, фикции и други заеднички именители | организиран од Проектен простор Прес ту егзит | 20 мај, 2017, Музеј на современата уметност, Скопје, 19.00 ч.
Ве известуваме дека во сабота, 20.05.2017, во Музејот на современата уметност во Скопје со почеток во 19:00 ч. ќе се одржи отворено предавање и дискусија со Себастијан Цихочки водечки куратор во Музејот на модерна уметност во Варшава, Полска насловено „Ова е уметност и уметноста е многу нешта”*.
Како што е наведено од кураторот, во 1970-тите години Јиржи Лудвински (Jirzi Ludwiński), полски уметник, теоретичар и критичар, го најавил доаѓањето на пост-уметничкото време. Тој забележал дека трансформацијата на уметноста е резултат на преземање на сосема нова форма; онаа која критичниот јазик на неговото време не беше во можност да ја критикува. Лудвински тврди дека пост-уметноста има неспорно поголем потенцијал отколку активностите кои се традиционално признаени како уметнички. Тој напишал: „Сите претходни концепции кои се однесуваат на уметноста се откажани, дури и она на авторството. Она што е важно се тензиите креирани преку колективен труд на многу индивидуи што придонесуваат за донесување на систем кој пулсира со живот, како некое гигантско дело на природата. Уметност = реалност“.
Таквите пост-уметнички времиња најавуваат ера во која високиот „коефициент на уметноста" (како феномен кој теоретичарот Стивен Рајт го опишал повикувајќи се на предавањето на Марсел Дишан „Креативен чин", 1957) е присутен во многу области од животот; кога работата на уметникот не секогаш се материјализира во форма на уметничко дело; кога и самата уметност се создава во размер 1:1, наместо да производува модели за ситуации и нешта.
Како може да се измери коефициентот на уметноста во еден уред кој собира магла и кој ги снабдува со вода жителите на пустината во Чиле? Колку уметноста е присутна во процесот на соработка меѓу турски пчелар и кошница на пчели во текот на производството на психоактивен мед? Прашањето што навистина вреди да се постави е: Постои ли повеќе уметност во или вон ѕидовите на музејот?