Изложба / Fan Behavior and Art

Надворешни активности | Јане Чаловски  | групна изложба Passion: Fan Behavior and art”  | Kunstlerhaus Bethanien, Берлин | куратор: Christoph Tannert | изложбата ќе биде пoставена и во Kunsthaus im KunstKulturQuartier, Нимберг, Mùzeum Ludwig, Будимпешта, Hungaryand the Stadtgalerie, Киел | 9.08.2015 – 9. 09. 2016

Културата на младите вообичаено се манифестира на различни начини. Еден од нејзините најпривлечни форми на заедништво е фановството: младите чувствуват припадност кон субкултури чија кохезија се заснова првенствено на фиксација со спортски тим или популарна забава на пример (музика, филм, телевизија, интернет, дигитална култура, модата, литературата, стрипови) а се негува преку боди артот, забавите, движења или театарски перформанси и експериментални простори. Фановството не треба да се поистоветува со интересот на "нормалната" публика за поп-културата; Наместо тоа, таа се јавува во облик на нагласена форма на популарна култура и се обидува да се разликува од истата. Патем, многу малку визуелни уметници недвосмислено се опишуваат себе си како фанови на одредена група или стил на поп музиката.

Work In Progress

Надворешни активностиПроектен простор Прес ту егзит | Јованка Попова | Work In Progress #1 Festival | организација: FRABAAC, Приштина | 19 – 31.07.2016.

Јованка Попова, програмски координатор на Проектен простор Прес ту егзит учествуваше со презентација на активностите на Проектниот простор Прес ту егзит на фестивалот Work In Progress #1 во Приштина. Work In Progress #1 е фестивал кој има намера да направи претставување на независни уметнички простори и организации, уметнички претставувања, како и претствување на работата на куратори, културни работници и активисти кои се занимаваат со заштита и ревитализација на културното наследство.

Work In Progress #1 е прв проект на FRABAAC (невладина организација во Косово) чија намера е да создаде платформа во рамки на која уметници, куратори и културни работници ќе имаат прилика да ги споделат своите искуства за организирање на изложби, културни проекти, или модели на управувањето на уметничи простори.

Резиденциски престој / Sculpture Space

Надворешни активности | Христина Иваноска и Јане Чаловски | резиденциски престој | Sculpture Space, Utica, Њујорк | јули-август, 2016 

Христина Иваноска и Јане Чаловски, во периодот од месец јули до септември, 2016. остваруваат уметнички резиденциски престој во Sculpture Space, Утика, Њујорк.  Публиката е поканета да присуствува на прием во студиото отворено за јавноста, кој ќе се случи на 26 јули, со почеток од 17 до 19 ч., во просториите на Sculpture Space. На приемот публиката ќе има можност да се запознае со уметниците кои остваруваат резиденциски престој, да добие увид во уметничките дела кои се во процес на изработка, како и да добие повеќе информации за креативен процес и начин на работа. Освен Христина Иваноска и Јане Чаловски, останати резидентни уметници кои во моментов остваруваат уметнички престој во Sculpture Space се Dalia Baassiri (Бејрут), Lewis Colburn (Филаделфија), Jeremiah Hulsebos-Spofford (Чикаго), Jack Pavlik (Минеаполис) и Omri Zin (Тел Авив).

Urban Art: Creating the Urban with Art

Надворешни активности | презентација на Јованка Попова на конференцијата "Urban Art: Creating the Urban with Art" | Humboldt University, Берлин | 15-16 јули, 2016 

Целта на конференцијата е да даде увид во новите форми на уметност и активизам во урбаниот простор. Предизвикот да се согледаат темите поврзани со урбаната уметност од научен аспект е поврзан со нејзината хетерогеност. Слично како и со тековните урбанистички интервенции, урбаната уметност е самата по себе ефемерна, мобилна, виртуелна, а во исто време често и политичка. Оттука транзиционите состојби од полето на уметноста во она на архитектурата, урбанизмот, урбаниот дизајн и политиката се во постојано менување. Конференцијата има за цел да поттикне дискусија и истражување на овие меѓусебно поврзани теми и нивните противречности.

 

http://www.kunstgeschichte.hu-berlin.de/veranstaltungen/tagung-urban-art/

http://www.kunstgeschichte.hu-berlin.de/wp-content/uploads/2015/11/UA-Leporello-kl1.pdf