Презентација на Бети Жеровц: When Attitudes Become the Norm

Презентација на Бети Жеровц: “When Attitudes Become the Norm: the contemporary curator and institutional art | 5ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ | Институционалното како јавно организиран од Проектен простор Прес ту егзит | 22 и 23 септември, 2016, Клуб ГЕМ, Скопје, 19.00 - 21.00 ч.

Книгата When Attitudes Become the Norm (издадена од Archive Books и Igor Zabel Association for Culture and Theory, 2016) е збирка на есеи и интервјуа од историчарката на уметноста и теоретичарка Бети Жеровц која се осврнува на куратоските практики во современата уметност. Жеровц ги испитува кураторските практики во однос на поширокиот социјален, политички и економски контекст, како и во релација со силните промени кои се случија во полето на уметноста во минатиот век. Таа кураторот го анализира како личност која се појавува, се развива, и учествува во институционализирањето на современата уметност и констатира дека со неговата појава институционална уметност - уметноста дизајнирана со намера да одговара на просторот и потребите на институцијата - достигнува целосен израз.

КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ 5: Институционалното како јавно

5ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ | Институционалното како јавно организиран од Проектен простор Прес ту егзит | 22 септември – 01 октомври, 2016

Кураторски размени е годишен симпозиум кој ја третира локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства кои се однесуваат на теоретски и уметнички истражувања, кураторски практики и едукација. Петтото по ред издание на симпозиумот насловен „Институционалното како јавно“ ги претставува словенечката историчарка и теоретичарка на уметност Бети Жеровц, австриската кураторка, културна теоретичарка, урбана истражувачка и писателка Елке Красни, и македонската уметничка и урбана истражувачка од Берлин Ивана Сиџимовска, кои ќе приложат различни дискурзивни презентации и проекти преиспитувајќи до кој степен институциите, јавноста и уметничката практика коренспондираат со развојните концептоти за критичко курирање. Улогата и се по забележителното влијание на кураторот во контекст на културната продукција воопшто, како и условеноста на неговото делување во и вон институционалните рамки, ќе бидат подложени на критичко размислување и анализа со секоја презентација и работна сесија. На тој начин симпозиумот ќе се обиде да адресира различни методологии и услови кои ја дефинираат кураторската практика како канал за социјални и политички критики и како практика изразена како логичен континуитет во процесот на поттикнување на културните, како и социо-политичките промени во современото општество.

Симпозиумот е куриран, организиран и реализиран од страна на историчарката на уметност и кураторка Јованка Попова, и уметниците и коосновачите на Проектниот простор Прес ту егзит, Христина Иваноска и Јане Чаловски. 

Волфганг Обермаир: Презентација и разговор

Презентација и разговор со Волфганг Обермаир | во организација на Проектен простор Прес ту егзит | Клуб ГЕМ | 14 септември, 2016., 19.00-21.00 ч.

Прес ту егзит Ве поканува на презентација и отворена дискусија со визуелниот уметник од Австрија Волфганг Обермаир кој остварува едномесечен резиденциски престој во Скопје  како дел од програмата за уметничка размена WEST BALKAN CALLING.  Резиденцијата на Обермаир е организирана од < rotor > center for contemporary art (Грац, Австрија) во соработка со Прес ту егзит.

Во својата презентација Обермаир ќе даде увид во низа практики кои се резултат на неговиот уметнички ангажман во последните неколку години. Фокусот ќе биде ставен на колаборативни проекти и други уметнички активности, на кои тој гледа како на можен обид за  развој на субјективната практика во дискурзивни елементи меѓу уметниците и публиката. Акцент ќе биде ставен наконцептот на независни структури, посебно за оние кои имаат потенцијал да наметнат алтернатива на самата уметност. Дел од разговорот ќе биде претставен во форма на перформативна вежба  која тој, во рамките на овој резиденциски престој, ја развива во соработка со чешкиот уметник Jakub Vrba.

Резиденциски престој на Wolfgang Obermair во Скопје

Резиденциски престој | во организација на  < rotor > center for contemporary art Graz и Проектен простор Прес ту егзит | уметник: Wolfgang Obermair | 22 август – 22 септември, 2016

Проектниот простор Прес ту егзит со задоволство објавува дека австрискиот уметник Wolfgang Obermair, почнувајќи од 22 август 2016 година, остварува резиденциски престој во Скопје, како дел од програмата на проектот WEST BALKAN CALLING. Резиденцискиот престој на Обермаир е во организација на < rotor >, асоцијација за современа уметност од Грац, во соработка со Проектниот простор Прес ту Егзит. 

Проектниот простор Прес ту егзит за оваа програма предложи десет македонски уметници од помладата генерација, од кои, по одлука на меѓународно жири во текот на месец април 2016. резиденциски престој во  < rotor >, асоцијацијата за современа уметност од Грац веќе оствари уметникот Велимир Жерновски. Возвратно, кон крајот на месец август Проектниот простор Прес ту егзит го очекува пристигнувањето на уметникот Wolfgang Obermair на едномесечен резиденциски престој во Скопје, во рамки на што ќе се случи и претставување на неговата уметничка практика пред поширока публика.