Кон ново наследство

Презентација |  Јованка ПоповаСимпозиум: Кон ново наследство во рамки на проектот на Мотел Трогир организирано од асоцијација Слободни асоцијации | Кино Бетон, Дом на млади, Сплит, Хрватска |  17-20 октомври, 2019

Тридневниот симпозиум  што ќе се одржи во Сплит и околината од 17 до 20 октомври 2019 година е во организација на Слободни асоцијации, платформа за современи уметнички практики, како дел од проектот Колективниот домен на културната меморија (ЦДЦМ). Симпозиумот е организиран со цел да поттикне критичка рефлексија и испитување на последната декада на справување со темата заштита на модернистичката архитектура од втората половина на 20 век. Имаме намера да ги разгледаме процесите, протагонистите, методите и предизвиците на ова поле (на историзацијата на модерноста и зачувувањето на модернистичкото наследство).

Документот кој недостасува: Сложената смисла на вистината во устните истории

Презентација |  Христина Иваноска: Документот кој недостасува: Сложената смисла на вистината во устните историиЛетна школа како школа организирана од Стацион Центар за современи уметности | Боксинг клуб, Приштина, Косово |  12 август, 2019

Раскажувањето приказни и поимот на орален трансфер на податоци е традиција врз која ние ги базираме повеќето официјални историски наративи во однос на историјата на жените. Устниот/ нематеријален трансфер носи тежина на документ кој е ненаучен и склон кон манипулација. Политичката актуелност на одредени документи лежи во потенцијалот да се отклучи промена или парадигматската промена во начинот на кој се перцепира. Во процесот на критичко испитување на изборот на деталите од автентичните материјали, откриваме дека синтезата на деталите што водат кон наратив и, како резултат, историјата станува оспорувано поле каде е оспорена линеарноста на приказните.

Интимна интроспекција: Уметникот и/или општеството

Надворешна активност |  Интимна интроспекција: Уметникот и/или општествотоинсталација на Христина Иваноска во рамки на Аутострада Биенале курирано од Giacinto Di Pietrantonio | Призрен, Косово |  21 јули, 2019

Делото на Иваноска „Интимна интроспекција: уметник и / или општество“ е инсталација лоцирана во приземјето на автобуската станица во Призрен. Делото е изработено од користени картонски кутии собрани од локални мали приватни продавници, материјал што ја означува економската нееднаквост и замолчениот политички глас на поединците што го рециклираат. Таа гради платформа за контекстуализирање на бруталното окупирање на јавниот простор од страна на неолибералниот капитал, тековната приватизација и експлоатација на природните ресурси и континуираната деградација на човековите и животинските услови.

Презентации на Тјаша Калкан и Антонис Питас

Резиденциска програма | Тјаша Калкан и Антонис Питас | Взаемно поле на културната меморија | ЦАЦ, Мобилна галерија | 11 јуни , 2019 

Презентација на уметниците Тјаша Калкан од Хрватска и Антонис Питас од Холандија/Грција како дел од уметничките резиденции реализирани во рамки на меѓународниот проект „Взаемно поле на културната меморија“

Работата на Антонис Питас се карактеризира со историска свесност но истовремено и со осврт на современите општествени и политички прашања. Повеќе набљудувач отколку активист, Питас ги истражува темите како што се безбедноста и контролата, економските кризи и начините на отпор, насилството и вандализмот. Неговата контекстуална чувствителна практика чија фокусна точка е насочена кон таргетирање на моменти како гестови на јавно незадоволство, немир или едноставно потреба за изразување на лична креативност. Делата на Питас се инсталации изработени во различни медиуми и просторни прилагодувања кои обезбедуваат контекст за интерпретација. Појдовна точка за неговиот резиденцијален престој во Скопје е неговиот проект “Хибрид 2018”, во кој тој третира прашања поврзани со јавниот простор и позициите на моќ и одговорност во контекст на градот Скопје.