Лесна акумулација на капитал

Надворешна активност |  Сè што ни е заедничко, изложба курирана од Јованка Попова и Мира ГаќинаИнсталација и перформанс на Христина Иваноска „Лесна акумулација на капитал“ | Музеј на современата уметност - Скопје |  21. 12. 2019–01. 03. 2020

„Сè што ни е заедничко“ е колективно дело кое се појавува во време на состојба на несигурност во капитализмот и преку анализа на конкретни уметнички дела и практики, цели кон разоткривање на состојбите на прекаријатијатот во општествено-критички произведен дискурс и неговите манифестации. Капитализмот преку неговите авторитарни политики создава свет во кој структурите на моќ непоколебливо се на страна на богатите, угнетувајќи ги животите на обесправените и маргинализираните. Неолибералната култура изобилува со иновации и новини со тенденција да произведува капитал, но културата никогаш не била толку деградирана.

Предавање на Ариане Шпаниер

Предавања и презентации | Ариане Шпаниер - „Современиот дизајн и независните издавачки практики како глас на маргините“ | Крик – фестивал за критичка култура: КРИК 04: Човек без својства - политики на маргините | организирано од Контрапункт и Прес ту егзит | Чифте амам, Национална галерија, 22.11. 2019

Списанието Fukt во изминатите 20 години го истражува современиот цртеж. Низ годините има изградено богата архива на рачно цртани уметнички дела. Во последните изданија критички истражува теми како што се родот, текстот и зборовите во цртежот и системите. Предавањето на Ариане Шпаниер насловено како „Современиот дизајн и независните издавачки практики како глас на маргините“ ќе се фокусира на приказната за издавањето, паралелно на лична перспектива, како и на пошироката слика на создавањто траги, дизајнот и креативниот процес, пред се.

Wayside (перформанс кој допрва треба да се случи)

Надворешна активност |  Wayside (перформанс кој допрва треба да се случи) | изложба на Јане Чаловски и Христина Иваноска | Тобачна галерија, Љубљана, Словенија |  24. 10. 2019–22. 11. 2019

Замислена како кореографска инсталација, проектот се однесува на голем број извори вклучувајќи ја и теоријата за Отворена форма на Оскар Хансен, композицијата „Новара“ (1962) од американскиот композитор Ерл Браун и рекреацијата на облеката од скиците за кроење на Антоинет ван Ејк, млада студентка од Мастрихт во 1935 година. Чаловски и Иваноска ги истражуваат архивите на Вевар, зачувани од МСУМ + МГ во Љубљана, фокусирајќи се на корелацијата помеѓу практичната и концептуалната употреба на отворената форма, како и на нејзината идеја, во контекст на архивите, како форма на перформативно дејствување. Така, архивите на Вевар стануваат одраз на театарноста како начин на манифестирање на реалниот живот.

Кон ново наследство

Презентација |  Јованка ПоповаСимпозиум: Кон ново наследство во рамки на проектот на Мотел Трогир организирано од асоцијација Слободни асоцијации | Кино Бетон, Дом на млади, Сплит, Хрватска |  17-20 октомври, 2019

Тридневниот симпозиум  што ќе се одржи во Сплит и околината од 17 до 20 октомври 2019 година е во организација на Слободни асоцијации, платформа за современи уметнички практики, како дел од проектот Колективниот домен на културната меморија (ЦДЦМ). Симпозиумот е организиран со цел да поттикне критичка рефлексија и испитување на последната декада на справување со темата заштита на модернистичката архитектура од втората половина на 20 век. Имаме намера да ги разгледаме процесите, протагонистите, методите и предизвиците на ова поле (на историзацијата на модерноста и зачувувањето на модернистичкото наследство).