Презентации на Тјаша Калкан и Антонис Питас

Резиденциска програма | Тјаша Калкан и Антонис Питас | Взаемно поле на културната меморија | ЦАЦ, Мобилна галерија | 11 јуни , 2019
Презентација на уметниците Тјаша Калкан од Хрватска и Антонис Питас од Холандија/Грција како дел од уметничките резиденции реализирани во рамки на меѓународниот проект „Взаемно поле на културната меморија“
Работата на Антонис Питас се карактеризира со историска свесност но истовремено и со осврт на современите општествени и политички прашања. Повеќе набљудувач отколку активист, Питас ги истражува темите како што се безбедноста и контролата, економските кризи и начините на отпор, насилството и вандализмот. Неговата контекстуална чувствителна практика чија фокусна точка е насочена кон таргетирање на моменти како гестови на јавно незадоволство, немир или едноставно потреба за изразување на лична креативност. Делата на Питас се инсталации изработени во различни медиуми и просторни прилагодувања кои обезбедуваат контекст за интерпретација. Појдовна точка за неговиот резиденцијален престој во Скопје е неговиот проект “Хибрид 2018”, во кој тој третира прашања поврзани со јавниот простор и позициите на моќ и одговорност во контекст на градот Скопје.