Македониум: Драматургија на незавршеното

Истражувачки проект и публикација | Јане Чаловски и Христина Иваноска | Македониум: Драматургија на незавршеното | Декември, 2020

Најновиот истражувачки и интердисциплинарен проект на уметниците Јане Чаловски и Христина Иваноска со работен наслов „Македониум: Драматургија на незавршеното“ ги третира архивите и политиките на помнење и заборавање преку уметничка интерпретација на архивски и други наоди поврзани со доцната фаза на модернизмот во Македонија, во конкретниов случај со споменичниот комплекс „Македониум“ во Крушево.  Овој проект е надоврзување на нивниот досегашен уметнички интерес поврзан со прашања за дефрагментарни истории, наративни спекулации и политики на репрезентација во контекст на заборавени сведоштва за минатото. Нивните индивидуални и заеднички проекти фoрмираат визуелни формации на (не)документираното низ различни уметнички форми почитувајќи го соодносот помеѓу документаристиката и уметничкото дело како и начините на кој артефактите го предизвикуваат имагинативниот и фиктивниот простор.

Отворање на КСП Центар-Јадро

Надворешни активности | Јане Чаловски  | отворање на КСП „Центар-Јадро | 7 октомври 2020

На ул. Алберт Ајнштајн бр.2, се случи отворање на КСП „Центар-Јадро, и по повод отвoрањето на новиот културно социјален простор „Центар-Јадро“, како и презентација на моделот на цивилно-јавно партнерство се одржа прес конференција.

КСП „Центар-Јадро“ е јавна установа од областа на културата формирана по принципот на цивилно-јавно партнерство за потребите на заедницата. Таа негува инклузивна, демократска и прогресивна култура низ креирање програми, афирмација, едукација и развој на уметнички и социокултурни практики во соработка со поединци, формални и неформални групи.

Публикација за извештај за менторство во креативните индустрии

Едукација | P4CA – Partnership for Creative Apprenticeships Project | Публикација за извештај за менторство во креативните индустрии | 5 октомври, 2020

Партнерството за креативно приправништво (P4CA) има за цел да поддржи креативно учење преку градење на вештини на ментори и обучувачи во рамки на креативниот сектор. Проектот ја промовира примената на Европската рамка за практиканство во културните и креативните индустрии во 6 европски земји и развива нови содржини за обука и заеднички квалификации за овие ментори за интегрирање на учењето базирано на работа и примена на знаење во практични ситуации на работното место.

Следствено, ги објавуваме првите резултати на проектот: извештајот од досегашната работа.

Соба за паника или скок во мислењето

Надворешни активности | Јане Чаловски и Христина Иваноска | групна изложба „Panic Room или скок во мислењето“ | 2 октомври 2020 година, Музеј на современата уметност – Скопје

Последиците од климатските промени, на чии процеси во голема мера влијае нaчинот на којшто човекот се однесува, ја искористува и уништува природата, забрзано ги менуваат животните услови: загаден воздух, почва, мориња, топење на мразот, пожари, поплави, уништени екосистеми, миграции, глад, пандемии...Изложбата ја тематизира состојбата на глобалната опасност што му се заканува на светот.