Истражувачки престој и презентација во рамки на Fuchsbau Festival
Истражувачки престој и презентација на проект | Јане Чаловски и Христина Иваноска | Македониум: Драматургија на недовршеното | Fuchsbau Festival | Хановер, Германија | Август, 2020 година
Како дел од тековниот проект „Македониум: Драматургија на недовршеното“, Јане Чаловски и Христина Иваноска имаа двонеделна истражувачка посета во Хановер со цел да се сретнат со тимот на фестивалот Фуксбау, да го претстават проектот и да работат на следните фази на негова продукција и презентација во 2022 година. Истражувачката посета беше реализирана благодарение на поддршката од тимот на Фестивалот Фуксбау, i-Portunus и Министерството за култура на Република Северна Македонија.