Ако приказната е присутна

Надворешни активности | Христина Иваноска и Јане Чаловски| Изложба „If A Story is Present“ | во организација на Фондацијата Art Encounters, Темишвар, Романија | 7 јули - 03 септември, 2022 година

Фондацијата Art Encounters ја претставува IF A STORY IS PRESENT, првата изложба во Романија посветена на меѓународно реномираните македонски уметници Јане Чаловски и Христина Иваноска, кои живеат и работат во Скопје и Берлин.

Конференција / P4CA Партнерство за креативни стажирања

На 14ти јуни, вторник, со почеток во 10:00 часот во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе се одржи меѓународна конференција отворена за публиката во рамки на проектот P4CA (Partnership for Creative Apprenticeships) - Партнерство за креативни стажирања (www.p4ca.eu).

Партнерство за креативни стажирање во Матера

Образовни активности | P4CA – Проект Партнерство за креативно стажирање | Проектен простор Прес ту егзит (Јованка Попова и Клелија Живковиќ) | Матера, Италија | 12 април, 2022 година

Тимот на Проектен простор прес ту егзит помина прекрасно и продуктивно време во Матера, Италија, како дел од проектот Еразмус #P4CA - Партнерство за креативни стажирање во Матера, организиран од  materahub .

Панел дискусија: За трудот како отпор кон сопственоста

 Надворешни активности | Предавање на Христина Иваноска | Панел дискусија: За трудот како отпор кон сопственоста | Kunstlerhaus, Виена | 26 март, 2022 година

Предавањето на Христина Иваноска како дел од Панел дискусијата: За трудот како отпор кон сопственоста заедно со Ана Даучикова, Даница Дакиќ, и Рут Џенбекова како модератор, а организирана како дел од изложбата Whiteness as Property. Racism and Ownership.

Конференцијата што ја придружува изложбата е посветена на специфичното знаење на уметниците учесници. Како конференција за уметничко истражување, настанот дава можност за длабинско истражување на посесивниот индивидуализам и расистичките имотни односи од перспектива на естетската продукција.

Во рамки на два последователни дена уметниците ќе ги презентираат и дискутираат своите практики со публиката.

https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&;v=685287856256726