Јавна презентација на проектот Pathways to Creative Careers / Патеки до креативни кариери
Среда, 4 јуни 2025 | почеток во 11:00, настанот трае до 13:00 часот.
Europe House Skopje.
Здружението за современа уметност и кураторски практики Прес ту егзит од Скопје со задоволство Ве поканува на јавната презентација на меѓународниот проект Pathways to Creative Careers / P2CC (Патеки до креативни кариери), поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија.
Овој настан ќе ги претстави резултатите и визиите на проектот, кој се фокусира на обука и поддршка на младински едукатори во областа на креативните и културните индустрии, со особен фокус на менторство и пристапност за млади од маргинализирани заедници.