Отворен повик за регионалниот уметнички проект ECHO CURVE

Проектни активности | ОТВОРЕН ПОВИК: Echo Curve Project | Имплементиран од Здружението на уметници „Проект EXP“, Нови Сад; „Press to Exit Project Space“, Скопје; и Автономен културен центар „Attack“. Финансиски поддржан од Владата на Швајцарија, во рамките на проектот „Култура за демократија“, кој го спроведува Фондацијата „Heartefact“| 2024

Во моментов е отворен повик за учество во регионалниот уметнички проект ECHO CURVE. Конкурсот е отворен за млади уметници (до 30 години) од Скопје, Нови Сад и Загреб. Крајниот рок за пријавување е 30 април.

Апликациите можат да се испратат на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSefumAcyLPim5VpxfU_vmRNHIwu9-QAEhe0x-AxEb1v63ylDg/viewform

Проектот ECHO CURVE се реализира преку соработка на три организации – Здружението на уметници „EXP Projekat“ (Нови Сад, Србија), Здружение за современа уметност и кураторски практики „Проектен простор Прес ту егзит“ (Скопје, Северна Македонија) и Автономниот културен центар „Attack“ (Загреб, Хрватска). Проектот е поддржан од швајцарската влада, во рамки на проектот „Култура за демократија“, кој го спроведува Фондацијата „Heartefact“.

DIY - независни простори

Надворешни активности | Јане Чаловски | Разговор со уметници: DIY - Independent Spaces - Neweast  | во организација на Art Collection Telekom | КВОСТ, Берлин | 15.09.2023 

DIY - Independent Spaces - Neweast е сесија на уметнички разговори и дискусија со уметниците Јане Чаловски, Бојана Џикова и Викенти Комитски, организирана од Art Collection Telekom, која ќе се одржи во KVOST, Берлин, на 15 септември 2023 година.

Не сонувај соништа

Надворешни активности | Јане Чаловски | Изложба „Не сонувај соништа“ | во организација на Art Collection Telekom | Модерна Галерија Љубљана | 24.05 – 17.09.2023

Don’t Dream Dreams е изложба која претставува избор на дела од Art Collection Telekom како апел да не се засолнуваме во соништата пред големата закана за демократијата, состојбата на нашата планета и страшната војна во срцето на Европа.

Промоција на книгата „Гаја и градината“

Едукативни активности | Јане Чаловски и Христина Иваноска | Промоција на книгата „Гаја и градината“ во рамки на проектот „ГРАДИДНИНА: Градината како инструмент, пермакултура како методологија“ и дел од европскиот проект “Big Time Takover” | МКЦ, Скопје | 15.05.2023

Во МКЦ Скопје се случува втора по ред промоција на книгата „Гаја и градината“. Книгата е заедничко дело на Ева Божиновска, авторка на текстот и ученичка во С.У.Г.С.,,Никола Карев” во Скопје, како и авторките на илустрациите Елена Апостоловска, Мирјана Спасоска и Јана Стефановска, ученички во втора година во средното уметничко училиште ДСУЛУД ,,Лазар Личеноски” во Скопје на Одделот за мултимедија.