Јане Чаловски: Личен Предмет

Надворешна активност | Личен Предмет | изложба на Јане Чаловски | КохтаХелсинки, Финска |  12. 03 – 10. 05. 2020

Изложбата на Чаловски во Кохта - неговата прва изложба во Финска - содржи избрани цртежи од последните 20 години (прикажани на ѕидни плочи од иверица како дел од неговото дело Closet, 2020 година) и нова верзија на делото по кое е именувана целата изложба. Личен предмет (2017–187) е скулпторска инсталација која опфаќа синтетичка гума, метални куки и козметика која припаѓала на неговата покојна мајка, Билјана Чаловска. Таа била научно и уметнички наклонета, но ги прекинала студиите во 1972 година, посветувајќи се на тоа да стане доверлив соработник на нејзиниот истакнат сопруг, покојниот поет и радио-новинар Тодор Чаловски, и да ги одгледа и да ги школува дома своите две деца. (Нејзините животни избори не биле невообичаени во Југославија во 1970-тите години, иако не биле целосно во склад со социјалистичкиот поредок за жените на работното место.)

Зошто вклучуваме вакви лични биографски информации во овој текст? Бидејќи во овој конкретен случај тие даваат објаснување за изложеното дело. Доминантно присутно во големата галерија на Кохта е Везење (2020): конструкција на дрвени стапчиња и плочи, сите обоени во црно, а исто така и цртеж во просторот, прототип за архитектонски објект, покана за лежење и седнување - и реинтеграција на мал вез на апстрактни триаголни и правоаголни форми изработени од Билјана Чаловска некаде во раните до средината на 1970-тите. Кревет и играчка (и двете од 2020) се скулпторски композиции во пена и дрво што ја евоцираат нејзината едукативна практика да прави и изработува работи додека лежи на подот.

Како што наведува и неговиот наслов, „Личен предмет“ е изложба за личото и за предметното. Но, исто така и за тоа како изложбата, како формат на експериментална артикулација, ги отелотворува трите видови слики наведени од филозофот Жил Делез во неговите две книги за кино: видливата слика, читливата слика, сликата за размислување. Последната е крајно интригантна, но малку објаснета од страна на Делез (или пак објаснета со термини што не прават многу смисла). Треба ли да ги разбереме сликите на начин на кој што обично ги опишуваме себеси како гледачи? А што е со погледот на авторот за делото што го произведува, користејќи се себе (или барем сопствената субјективност) како материјал?

Отворање и разговор со уметникот Јане Чаловски и Андерс Кругер во среда, 11 март во 18 часот

https://kohta.fi/exhibition/yane-calovski/