Презентации на Тјаша Калкан и Антонис Питас

Резиденциска програма | Тјаша Калкан и Антонис Питас | Взаемно поле на културната меморија | ЦАЦ, Мобилна галерија | 11 јуни , 2019 

Презентација на уметниците Тјаша Калкан од Хрватска и Антонис Питас од Холандија/Грција како дел од уметничките резиденции реализирани во рамки на меѓународниот проект „Взаемно поле на културната меморија“

Работата на Антонис Питас се карактеризира со историска свесност но истовремено и со осврт на современите општествени и политички прашања. Повеќе набљудувач отколку активист, Питас ги истражува темите како што се безбедноста и контролата, економските кризи и начините на отпор, насилството и вандализмот. Неговата контекстуална чувствителна практика чија фокусна точка е насочена кон таргетирање на моменти како гестови на јавно незадоволство, немир или едноставно потреба за изразување на лична креативност. Делата на Питас се инсталации изработени во различни медиуми и просторни прилагодувања кои обезбедуваат контекст за интерпретација. Појдовна точка за неговиот резиденцијален престој во Скопје е неговиот проект “Хибрид 2018”, во кој тој третира прашања поврзани со јавниот простор и позициите на моќ и одговорност во контекст на градот Скопје.



Тјаша Калкан, аналитична во уметничкиот пристап, користи иронија за да ја соочи со сеприсутната комерцијализација и зголемената регулација на јавниот простор. Појдовна точка за нејзиниот престој во Скопје е делото “Зајдисонце плажа”, кое писателката Сташа Арас го нарече “современа апсурдна претстава” како чин на отпор кон комерцијализацијата и уништувањето на просторот и “убаво-спакуваниот хорот кој го конзумираме и во кој учествуваме”. Уметницата ја субвертира фотографијата истовремено и како документарен медиум и како една од илузиите, прилагодувајќи ја нејзината леќа кон погледне зас капиталистичките вредности на напредокот што станаа норма во постсоцијалистичките / неолиберални капиталистички општества.