Взаемно поле на културната меморија

Меѓународен проект | Взаемно поле на културната меморија | Партнерски организации: Проектен простор Прес ту егзит, Loose Associations (Слободни врски), Санс енд старс | Македонија, Хрватска, Холандија, 2019 

(Не)дисциплинирано:   Градење на архива - програма продуцирана во контекст на меѓународниот проект „Взаемно поле на културната меморија“

Меѓународен симпозиум Еј, што имаме да изгубиме? Архивирањето како колективен чин на отпор, 31ви мај - 1ви јуни 2019; Уметничка резиденција 29ти мај - 14ти јуни 2019; Изложба - Музеј на современа уметност, Скопје 31ви мај - 7ми јуни, 2019; Мобилна галерија – Центар за современи уметности Скопје 10ти јуни - 15ти јуни, 2019

Меѓународниот симпозиум, уметничка резиденција и изложба во рамки на „(Не)дисциплинирано: Градење на архива“ - едногодишната курирана програма на Проектниот простор Прес ту егзит обмислена во рамки на меѓународниот проект „Взаемно поле на културна меморија“ 31ви мај - 21 јуни, 2019 Скопје, Република Северна Македонија

Меѓународниот проект „Взаемното поле на колективната меморија“ се однесува на етиката на културното наследство и капацитетот на уметничките практики да раздиплат новите односи и разбирања на историјата. Програмата на Проектниот простор Прес ту егзит, покрај дводневниот симпозиум - разбран како еластичен и перформативен модел на презентација на содржини - ќе вклучува и уметничка резиденција и изложба. Фокусот на сите активности се колективните процеси, политики, алатки и технологии за архивирање, со истражување на граѓанските стратегии за преземање одговорност за заедничкото културно наследство и иднината на взаемната меморија.

„(Не)дисциплинирано: Градење на архива“1 е едногодишна програма продуцирана во контекст на меѓународниот проект „Взаемното поле на културната меморија“ (CDCM). Меѓународниот симпозиум „Еј, што можеме да изгубиме? Архивирањето како колективен чин на отпор“ кој се реализира во рамки на „(Не)дисциплинирано: Градење на архива“ - едногодишна програма продуцирана во контекст намеѓународниот проект „Взаемното поле на културната меморија“, ќе ги истражува девијантните процеси на архивирање како колективен чин, потпирајќи се на клучните сознанија за фрагментираност, неповрзаност, непредвидливост и континуитет на делување.

Оваа идеја потекнува од инцидент што се случи на 21ви април, 2017 година, кога пожар го уништи Заводот за урбанизам и архитектура Скопје. Сместен во бараки од 60тите, Заводот ја содржеше архивата на пост-земјотресната (1963) обнова на Скопје.2

Архивата на институтот се состоеше од: планови, меморандуми, извештаи, брошури, книги, урбанистички студии и макети значајни за македонскиот идентитет, веќе лошо оштетена од пламен, чад и вода, беше оставена во руините на заводот и изложена за минувачите.

По пожарот, проектниот простор Press to Exit, заедно со локални и меѓународни уметници1, организираше акција за расчистување и заштитување на дел од документите и предметите од од понатамошно уништување. Токму овој акт и собраните документи ќе претставуваат појдовна точка околу која ќе се конципира македонската програма на меѓународниот проектот „Взаемно поле на колективна меморија“.2

Загубите поврзани со взаемната историја, без разлика дали станува збор за документ, градба или личност, ги чувствуваме како отсуство на потекло и правец; тоа е вознемирувачко, дезориентирачко и парализирачко искуство. Овој проект предлага концепти за здружено делување и замислување на иднината на содржината преку работење со концептот на (де)модернизација на минатото нарушено од инстутиционалната/системската запоставеност на модерното архитектонско наследство во пост-социјалистичка Македонија. Дополнително, самата идеологија на комеморација и архивирање потекнува директно од отсуството на опишаната архива. Едно од клучните прашања е како фрагментирањето, неповрзаноста, непредвидливоста, разновидноста, континуитетот и наоѓањето на поврзаност можат да создадат нов или обновен контекст за визуелизацијата на изгорените книги, мапи, извештаи и останатите собрани материјали. Овие артефакти, управувани од нашите колективни сеќавања, отвораат можност за распространето и засебно архивирање.

Симпозиум ден I 31.05.2019

Програма Музеј на современа уметност Скопје работен јазик: англиски

20:00 Обраќање на Јане Чаловски и Христина Иваноска од Проектниот простор прес ту егзит, и претставување на програмата и гостите

20:15 Панел I Сабина Саболовиќ (HR), Чарлс Еш (NL), Себастиан Цихочки (PL), модератор: Јане Чаловски (MK)

22:00 DJ Сет/ забава со Соња Исмаил

Симпозиум ден II 01.06.2019

Програма Музеј на современа уметност Скопје работни јазици: англиски и македонски

12:00 Кафе и запознавање со уметниците Антонис Питас и Тјаша Калкан / Регистрација за дневната програма

12:30 Панел II Презентации и дискусии Наташа Бодрожиќ (HR), Марјока де Греф и Анастасија Пандиловска (NL/MK), Јане Чаловски и Христина Иваноска (MK).

13:30 Промоција на книгата “CONSUMER CULTURE LANDSCAPES IN SOCIALIST YUGOSLAVIA” на проектот Мотел Трогир

14:15 Кратка пауза

14:30 Панел III Презентации и дискусии модератор: Клелија Живковиќ

16:30 Ручек и неформално дружење 17:30 Крај на програмата

14:30 Панел III Јасминка Намичева, Музеј на Град Скопје (MK) Сузана Стамболџиска, Државен архив на Републка Северна Македонија (MK) Васе Аманито Петровски фотограф (МК) Лидија Пајевиќ, конзерватор на фотографија Владо Данаилов, архитект (МК) Ноеми Чаусидис architect (MK)

Презентации 31ви мај - 1ви јуни, 2019

Еј, што имаме да изгубиме? Архивирањето како колективен чин нa отпор                                                                           - учесници                                                                               ( по редослед во програма)

Сабина Саболовиќ ќе говори за кураторскиот пристап кон архивирањето како пракса која ги надминува ригорозните научни дефиниции. Таа го разбира архивирањето како нешто што се протега низ времето и поврзува, дозволувајќи идеи, теми, сеќавања, отсуства, опсесии да се вратат во вниманието на јавноста. Ова може да се прави во различни формати, и како еден пример во предавањето ќе се спомне второто биенале за индустриска уметност On the shoulders of the fallen giant. Кураторскиот колектив What, How & for Whom (WHW) ја курираше истовремено изложбата во Ријека, Пула, Лабин и Водњан, во регионот Истра во 2018.

Илустрираното предавање на Чарлс Еше се фокусира на музејот и неговото користење на колекциите, документацијата, сеќавањата и односите во изложбите и истражувачките проекти. На некој начин, музејот смета дека целиот материјал кој го поседува е архивски. Најчесто разликуваме помеѓу уметнички дела и документација или лични сеќавања, иако сите имаат своја улога во институционалната архива и во колективното културно сеќавање во градот Ајндховен, како и меѓународниот уметнички свет. Поради тоа архивите и архивирањето стануваат клучни алатки и механизми на проучување како да се третира материјалот од кој музејот создава изложби и програми. Предавањето ќе се осврне на неколку изложби и проекти чиј развој потекнува од колекцијата на музејот и во контекстот на истражувачкиот проект „Девијантни пракси“, започнат во 2017 година. Еше ќе се осврне и на начините на кои уметниците интервенирале во колекцијата или ги користеле материјалите од архивите во нивната работа.

Презентација на Себастијан Цихочки насловена „Да се доживее светот. Случајот со Bródno Биеналето“ се однесува на забелешки и опсервации за експериментот за Биеналето во Бродно (Варшава, 2018), кое одеднаш стана концептуален предлог на уметниците Павел Алтамер и Гошка Макуга и изложба лоцирана во одреден простор и време, со придружна јавна програма. Алтамер и Макуга предложија соседството Бродно во Варшава да биде прогласено за изложба, фокусирајќи се на дефинираните карактеристики на соседството: излози на продавници, училишни игралишта, дупки во земјата, славини, пазари, празни места, архитектонски детали, па дури и ентериери на комерцијални и приватни станови. Еден од новинарите што ја посетиле изложбата, Паулина Олѕанка, забележала: Добивате карта со 80 локации, но не завршувате со посета на ниту еден од истите, освен на јатото гаврани (кои живеат таму) и прекрасна скулптура-како-стаклена градина или стаклена градина-скулптура каде што луѓето одгледуваат зеленчук. Програмата осмислена од уметниците е дел од подолга историја на авангардни уметнички експерименти кои се потпираат на идејата за одбивање на производство на нови уметнички дела. Ова го вклучува и Happsoc I , настанот од 1965 година во кој уметниците Алекс Млинарчик и Стано Филко, како и теоретичарката Зита Кострова, прогласија “превземање” на Братислава (за девет дена). Биеналето Бродно беше (или поточно, стремеше да биде) вежба за начините на гледање и перцепција која го фокусира вниманието и изведува критички толкувања, користејќи алатки од областа на социологијата и теоријата на објектот, алтернативниот туризам, психогеографијата и критичката етнографија. Една од интерпретативните алатки која во овој случај се користи е теоријата за отворена форма на Оскар Хансен, која се базира на претпоставката за промена на хиерархијата помеѓу архитектот и корисникот, отворање на процесот на дизајн кон учество на корисникот и создавање прилагодливи рамки за да се открие богатството на секојдневниот живот.

Презентацијата на Јасминка Намичева ја акцентира малата по број но значајна зборка на предмети – макети од меѓународниот конкурс, организиран од Обединетите Нации со помош на комсија од интернационални експерти на чело со Ернест Вајсман, каде 4 странски и 4 домашни – југословенски архитектонски бироа, креираат осум решенија за обновата на центарот на Скопје. Целта на конкурсот е да се соберат идеи кои подоцна победничките тимови би ги развиле заедно со локалните власти и експерти, креирајќи една финална варијанта на урбанистичкиот план за центарот на Скопје. Во збирката се чуваат макетите на прво наградените решенија на Кензо Танге (прва награда со 60% реализација) како и Радован Мишчевиќ и Федор Венсцлер (втора награда со 40% реализација), како и материјали од разработките на планот – макета за крајбрежјето и регулацијата на реката Вардар ;панели од анализите на различни фази на планот во продукција на Заводот за урбанизам на Скопје. Инаку, Музејот на Град Скопје основан во 1949 година дејствува како музејски комплекс што ја поврзува активноста во областа на археологијата, историја на архитектурата, историјата, етнологијата, историјата на уметноста и регионот на Скопје.

Сузана Стамболиска Мечевска во својата презнтација ќе зборува за државниот архив како сервис на граѓаните и ќе се осврне на неговата основна дејност, функции, надлежности, мрежа на регионални архиви, инспекции за управување со документи во државни органи и јавни институции, надлежности во приватниот сектор, капацитет на депоата. Исто така ќе зборрува за меѓyнародната соработка на Архивот, промоција на историски документи, користење на документи од граѓани и остварување на граѓански права преку документацијата од Државниот архив. Целта на Архивот е да биде заштитник на идентитетот и на колективната меморија.

Проектот на Лидија Пајевиќ “Истражyвање на фотографски колекции во Република Севеpна Македонија” има за цел да ги промени состојбите и да иницира нов дијалог во заштитата на фотографското културно наследство. Ова е прв сериозен обид, систематски да се документира и интерпретира состојбата на фотографскиот материјал на начин кој би овозможил долгорочен ефект врз заштитата на колекциите. Понудената методологија е заснована на меѓународни стандарди и практики од западно - европските земји и за прв пат спроведени во инститyциите на Северна Македонија: фотографската колекција на Музејот на современата уметност Скопје и фотографската колекција на Браќа Манаки при Државниот архив на Република Северна Македонија - оддление Битола. Проектот посебно се осврнува кон планот за споделување на резултатите кои вклучуваат: извештај за состојбата со препораки за понатамошно делување на двете институции, и јавен форум за заштита на фотографското културно наследство каде проектот ќе биде представен пред експертската јавност. Со овој план за дисеминација проектот изгледува надвор од границите на двете институции и поттокнува и стимулира позитивни промени на пошироко национално ниво.

Презентацијата на Владо Данаилов ќе се фокусира на неодамнешните изданија на АРХИ.ТЕК и како тие отвораат простор за критичка рефлексија/ревизија на различни теми од областа на архитектурата и поширокиот контекст одреден од временско-просторните услови. Публикацијата застапува различни позиции и гледишта низ кратки есеи, интервјуа, скици и фотографии. Уредниците сакаат да размислуваат во правец на проширување на дисциплинарната рамка на архитектурата.

Ноеми Чаусидис ќе зборува за Марх - интернет простор посветен на промоција на македонската архитектура пред пошироката јавност, преку минати и сегашни проекти, концепти и идеи. Оваа страна се обидува да ги објави сите достапни проекти, меѓу нив реализирани и нереализирани, кои и се недоволно познати на јавноста, конкурсни трудови и смели студентски проекти кои никогаш не биле официјално претставени, како и исклучително смелиот период на македонската архитектура од 60тите до крајот на 80тите години. Целта е да се подигне самосвеста и самодовербата во професијата, влиаејќи едукативно врз пошироката јавност која е опсипана со тековни архитектонски неиздржани проекти како дел од урбанистичкиот хаос. Оваа интернет страна стреми да ги покаже домашните вредности кои се скриени или невидливи за јавноста.

„Пејзаж на потрошувачката култура на социјалистичка Југославија“ нова книга на проектот Мотел Трогир

Социјалистичка Југославија беше уникатен експеримент со прогресивни општествени форми кои беа во согласност со специфичниот урбан развој. Од средината на 1960-тите до распаѓањето на државата во 1990-тите беше период на неодреденост: според некои истражувачи, пазарно-ориентираните економски реформи од една страна создале простор за потребната либерализација, додека според други, го обележале почетокот на крајот на револуционерното барање за еднаквост. Така, анти-утопијанизмот на потрошувачкото добробитие бил олицетворен во порастот на средната класа со своите препознатливи навики и вкусови. Следејќи специфична архитектонска типологија, оваа книга навлегува во овој период кој ги донел општествените и економските промени. Се фокусира на спортскиот и потрошувачки центар Котекс Грипе во Сплит и слични архитектонски комплекси во Сараево, Нови Сад и Приштина, сите дизајнирани од сараевскиот архитект Живорад Јанковиќ и неговите соработници, постепено отворајќи се кон пошироки обѕирања на архитектонската пракса, расправа и соединување со југословенскиот модернистички проект.

Уредници: Наташа Бодрожиќ, Лидија Бутковиќ Мичин, Саша Шимпрага Ко-издавачи: Слободни врски, Загреб & ONOMATOPEE, Ајндховен, 2018

Изложба 31ви мај - 15ти јуни, 2019 (Не)дисциплинирано: Градење на архива

Kуратор: Јованка Попова Уметници: Антонис Питас, Тјаша Калкан, Јане Чаловски

Изложбата “Недисциплинирано: Градење на архива” замислена е како поставка која претставува три дела од уметниците Антонис Питас, Тјаша Калкан и Јане Чаловски во Музејот на современата уметност во Скопје, а се фокусира на начините на кои уметниците го преиспитуваат минатото и начините на кои уметничката методологијата придонесува кон нова историска и културна интерпретација на сегашноста. Изложените дела се повикуваат на настани и општествени релации од минатото и истовремено ја предизвикуваат сегашноста преку интердисциплинарно уметничко истражување кое се однесува на историските празнини, замолкнувања и фрагментирани нарации - резултат на идеолошките форми на пишување историја. Оттука, проектот ги доведува во прашање начините на кои уметниците се ангажираат со комплексноста на хегемонистичките начини на справување со угнетените културни наративи; пристапите кон феноменот на заборавањето преку толкување на политиките поврзани со колективната меморија; начините на кои уметничката инвентивност го надополнува недостатокот на методи за архивирање; можностите кои ги нудат уметнички интервенции наспроти процесот на одново испишаните истории и политички манипулации; Тројцата уметници, чии дела се претставени на изложбата, се дел од резиденциска програма во Скопје. Намерата е во рамки на истата тие да продуцираат ефемерни инсталации низ градот, вклучувајќи ја и “Мобилната галерија на Центарот за Современи уметнпости” во Паркот на франкофонијата.

Работата на Антонис Питас се карактеризира со историска свесност но истовремено и со осврт на современите општествени и политички прашања. Повеќе набљудувач отколку активист, Питас ги истражува темите како што се безбедноста и контролата, економските кризи и начините на отпор, насилството и вандализмот. Неговата контекстуална чувствителна практика чија фокусна точка е насочена кон таргетирање на моменти како гестови на јавно незадоволство, немир или едноставно потреба за изразување на лична креативност. Делата на Питас се инсталации изработени во различни медиуми и просторни прилагодувања кои обезбедуваат контекст за интерпретација. Појдовна точка за неговиот резиденцијален престој во Скопје е неговиот проект “Хибрид 2018”, во кој тој третира прашања поврзани со јавниот простор и позициите на моќ и одговорност во контекст на градот Скопје.

Тјаша Калкан, аналитична во уметничкиот пристап, користи иронија за да ја соочи со сеприсутната комерцијализација и зголемената регулација на јавниот простор. Појдовна точка за нејзиниот престој во Скопје е делото “Зајдисонце плажа”, кое писателката Сташа Арас го нарече “современа апсурдна претстава” како чин на отпор кон комерцијализацијата и уништувањето на просторот и “убаво-спакуваниот хорот кој го конзумираме и во кој учествуваме”. Уметницата ја субвертира фотографијата истовремено и како документарен медиум и како една од илузиите, прилагодувајќи ја нејзината леќа кон погледне зас капиталистичките вредности на напредокот што станаа норма во постсоцијалистичките / неолиберални капиталистички општества.

Архитектонски инспирираните инсталации на Јане Чаловски ги комбинираат модернистичките архиви со емпириски идеи кои се наоѓаат во сајт-специфичноста на различни културни, општествени и политички географии. Концептуалната еластичност во конвергирање на наследство на архитектонската модерност, поимот за перформативност, користењето на архивите и справувањето со сегашните социо-културни, економски и политички услови, е во центарот на неговата уметничка практика веќе многу години. Ангажирајќи разновидни истражувачки и производствени апликации, употребувајќи метод сличен на непосредноста на цртежот и долготрајните инсталации, тој гради амбивалентни и неразрешени визуелни и архивски ентитети. Неговата тековната работа ги поврзува модернистичките архитектонски наративи кои му припаѓаат на градот Скопје, водени од нелинеарно историско време во кое нашите колективни спомени остануваат во состојба на континуиран флукс.

Еј, што имаме да изгубиме? Архивирањето како колективен чин на отпор                                                                            - учесници                                                                       ( по редослед во програма )

Сабина Саболовиќ е член на кураторскиот колектив What, How & for Whom/WHW основан во 1999 и базиран во Загреб и Берлин (заедно со Ивет Чурлин, Ана Девиќ и Наташа Илиќ). WHW продуцира и организира изложби и издавачки проекти, и е вклучен во долготрајни соработнички платформи и културни политики. Од 2003 WHW ја создава програмата за Галерија Нова, простор во сопственост на градот Загреб. Покрај тоа, WHW има неколку меѓународни кураторскипроекти, вклучувајќи го 11тото Биенале во Истанбул, 2009; Meeting Points 7 - „Ten thousand wiles and a hundred thousand tricks“ (Загреб, Антверп, Каиро, Хонг-Конг, Бејрут, Виена и Москва), 2013-14; и „Really useful knowledge“, Museo Reina Sofa, Мадрид 2014. Нивниот најнов кураторски проект “My Sweet Little Lamb (Everything we see could also be otherwise”) во соработка со Катрин Ромберг, се случува на неколку локации во Загреб и Showroom, Лондон (во соработка со Емили Петик) во 2016-17.

Чарлс Еше е директор на музејот Ван абен во Ајндховен; тој е професор по современа уметност и кураторство на Централ сент Мартинс во Лондон и ко-директор на Афтерол списание и книги. Предава на магистерските студии на Централ сент Мартинс и Академијата Јан ван Ајк во Мастрихт. Работел како куратор на изложбите: Моќ и други нешта; Еуропалиа; Бозар Брисел 2017; НСК Државен пабилион, Венециско биенале 2017; Арт турнс, Ворлд турнс; МАЦАН музејот во Џакарта, 2017; Ле музе Егаре; Кунстхал Осло 2017 и Пролет во септември, Тулуз 2016; Џакарта биенале 2015; 31. Сао Паоло биенале, 2014, У3 триенале, Љубљана, 2011; RIWAQ Biennale, Палестина, 2007 и 2009; Истанбулско биенале, 2005; Гванџу биенале, 2002 помеѓу други меѓународни изложби. Еше е претседател на КАСКОCASCO, Утрехт. Добитник е на Награда Прицеза Маргрит во 2012 и ЦЦС Бард колеџ за кураторска извонредност во 2014.

Себастиан Цихочки живее и работи во Варшава, каде што е главен куратор во Музејот за Модерна Уметност. Од неговите кураторски проекти може да се издвојат полски павилјони на 52то и 54то Биенале во Венеција, со Моника Сосновска (1:1) и Јаел Бартана (... and Europe will Be Stunned) во тој редослед, вториот во соработка со кураторот Галит Елиат, Making Use. Life in Postartistic Times, Museum of Modern Art in Warsaw (2016), Rainbow in the Dark: On the Joy and Torment of Faith, Konstmuseum Malmö (2015), SALT Galata, Истанбул (2014), Zofa Rydet, Record 1978-1990, Museum of Modern Art in Warsaw (2015), Procedures for the Head, Kunsthalle Братислава, Словачка (2015), New National Art. National Realism in the XXIth Poland Museum of Modern Art in Warsaw (2012), Early Years, KW Institute for Contemporary Art, Берлин (2010), Raqs Media Collective, Te Capital of Accumulation, Museum of Modern Art in Warsaw (2010), Oskar Hansen. Process and Art 1966-2005, Museum of Modern Art in Skopje, Македонија. Цихочки е куратор на Te Bródno Sculpture Park, долготраен проект за уметност од јавен домен, отпочнат во 2009 со уметникот Павел Алтхамер. Тој курирал изложби во форма на роман, радио драма, либрето, градина, анти продукциска резиденција и перформативни предавања.

Тјаша Калкан е родена во 1987 година. Таа завршила магистерски студии по фотографија, и дипломски студии по германски и француски јазик и литература на Академијата за драмска уметност и Факултетот за хуманистички и социјални студии во Загреб. Преку својата работа Тјаша ги истражува социјално обликуваните структури на секојдневието, визуелно и концепциски фокусирајќи се на физичките простори, преку нив обидувајќи се да ги рефлектира начините на кои ние се врзуваме со нив. Нејзината работа е игрива и остроумна, практика на непослушност насочена кон општоприфатените нормативи. Таа ги изложувала своите дела во повеќе од десеттина самостојни и преку дваесет групни изложби. Во 2017 година била одликувана со наградата Млада европска уметност на Австрија и Награда од публиката на Конкурсот за хрватска современа уметност при Музејот на современа уметност Загреб. Таа е добитничка на специјална награда за најдобар млад автор на Фестивалот за фотографија во Ровињ во 2012 година. Живее и работи во Загреб, Хрватска.

Антонис Питас (Атина, Грција, 1973) живее и работи во Амстердам, Холандија. Студирал на Академијата за Ликовна Уметност во Атина, Piet Zwart институтот во Ротердам, и Sandberg институтот во Амстердам, бил уметник во резиденција на Bard College Во Анандејл, Њу Јорк. Во изминатава декада, Питас бил поканет како предавач на многу академии во Европа и Соединетите Америкасни Држави. Неговата работа е дел од неколку јавни и приватни колекции, и била изложувана во самостојни и групни изложби во различни институции во светот, меѓу кои Annet Gelink Gallery, Амстердам Hordaland Kunstsenter, Bergen; Stedelijk Museum Bureau Amsterdam; Bozar, Брисел; Benaki Museum, Атина; Van Abbemuseum, Ајндховен; Hessel Museum of Art & CCS Bard Galleries, Њу Јорк; De Appel, Амстердам; Stevenson Gallery, Јоханесбург; MACRO Museum Testaccio, Рим; Kunsthal, Антверп; Centre of Contemporary Art, Глазгов; Kunsthal Charlottenborg, Копенхаген; 5тото Биенале за Современа Уметност во Солун, 4тото Биенале во Атина и Manifesta 12 во Палермо.

Наташа Бодрожиќ е куратор и културен работник од Загреб и Трогир, Хрватска. Таа е иницијатор и основач на проектот Мотел Трогир, како и Loose Associations (Слободни врски), платформа за современа уметност. Таа силно верува во колаборативно создавање, и е уредник на неколку книги од областа на современата уметност, културните политики и активизам за културно наследство, меѓу кои “Politics of Feelings / Economies of Love” (2014), “Motel Trogir: It Is Not Future that Always Comes After” (2016), “Modelling Public Space(s) in Culture: Rethinking Institutional Practices in Culture and Historical (Dis)Continuities (2018)” итн.

Марјока де Греф развила неколку изложби за проектниот простор Suns and Stars; истражувачки изложби во градби со историско, културно или индустриско значење. Појдовната точка за овие изложби секогаш е локацијата, практичната и материјалната, како и историската и дискурзивната. Нејзината кураторска пракса ја карактеризира висок степен на отвореност и размена на знаење. Бидејќи вклучувањето на други во овој процес е од витално значење, таа соработува со уметници, професионалци од областа на уметноста, индивидуи и организации кои дејствуваат надвор од областа на ликовната уметност.

Анастасија Пандиловска е уметник и истражувач базиран во Амстердам. Таа е дел од Lectoraat Art & Public Space (LAPS) каде што го истражува агонизмот како нова форма на јавен простор. Нејзината работа била дел од многу изложби, вклучувајќи ги “Exercising Publicness in a Place in Time of Cut Trees” ( Skopje, 2018), “Paragaphie” (Ljubljana, 2018), XII Biennale of Young Artists (Skopje, 2018) “A Decorated Room with Invaded Ideas” 2017/2019, Poetics of Space (Amsterdam, 2018) “Time, Space and Architecture” (Amsterdam, 2017), “Emptiness and Infinite Space” (Amsterdam, 2017) и “Wijsgerig Festival DRIFT” (Felix Meritis, 2016), “Space Invaders IV” (Helsinki/Espoo, 2016), “Biocentric readings” (Perdu, Amsterdam, 2016). Во 2016 ја доби EECMAN наградата за современ цртеж во Бозар, Брисел за нејзиното дело“ Mémoires d’images récurrentes”.

Јасминка Намичева-архитект-кустос советник во Музеј на град Скопје. Од 1985 -1989-архитект конзерватор во Конзерваторски центар на РМ , од 1989-2019-кустос архитект за збирката на урбанистички и архитектонски макети и планови од обновата на Скопје по 1963 во Музеј на град Скопје во Оддел за историја на архитектурата на град Скопје. Учествувала на бројни стручни и научни конференции од областа на музеологија и историја на архитектонско наследство. Особен фокус во истражувањата на Намичева е ставен на анализите на архивските документи од Конкурсот на ОН за обновата на централното градско јадро на Скопје од 1965. Курирала и организирала десетици изложби на кои се презентирани најзначајните експонати од колекцијата-макетите за Скопје од арх.Кензо Танге и арх.Венцлер-Мишчевиќ ( ЕТХ Цирих; Мори арт Музеј, Токио; МОМА-ЊуЈорк; Изложбен центар, Марибор; Културен центар, Краков, и др.).

Сузана Стамболиска Мечевска (1966,Скопје) е архивист, истражувач и конзерватор. Дипломирала на Филолошки факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј“во Скопје, магистрирала на студиите за менаџмент на културното наследство, и ги комплетирала постдипломските студии за Меѓународна диплома Архивист-конзерватор на Национален институт за културно наследство во Париз. Учествувала на повеќе значајни студиски престои во меѓународно признаени институции и курирала, едитирала и предавала на повеќе стручни теми врзани со архивистиката. Од 2014 г. тааeраководител на Одделението за инспекциски надзор при Државен архивна Репблика Северна Македонја.

Владо Данаилов (1990) е архитект и истажувач, чиј интерес е театар, визуелан уметност и литература. Работел како истражувач во Стрелка Институт за Медиуми, Архитектура и Дизајн во Москва (2013/2014), и како надворешен соработник на Институтот за архитектонско проектирање на Архитектонскиот Факултет во Скопје (2014-2018). Владо е основач на Студио 90, студио за современа архитектура и култура, базирано во Скопје, и е главен и одговорен уредник на АРХИ.ТЕК.

Лидија Пајевиќ живее и работи во Скопје, Македонија. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје. Во 2008 година учествувала на тригодишната сертифицирана обука „Основи на конзервирање на фотографија“, организирана од Гети институтот за конзервација и Академијата за ликовна уметност и дизајн во Братислава. Во 2012 го продолжила своето образование и пракса во рамките на практикантската програма на North East Document конзерваторскио центар во Андовер, САД. Нејзината работа со конзервирање на фотографии цели да ја воспостави фотографијата како еднаква со други културни артефакти (антички статуи, икони или слики) преку превентивна конзервација на фотографското културно наследство и застапување нови иницијативи од оваа област во Македонија. Во периодот 2007-2018 таа работела во Македонскиот центар за фотографија. Во моментов работи независно. Таа е автор на книгата „Лексикон на основни поими за конзервација на фотографија“ - прва публикација на оваа тема на македонски јазик.

Васе Аманито Петровски (1981) е фотограф кој повеќе од 20 години работи во полето на визуелни уметности, а во последните 10 години главен домен му е фотографијата. Црпи инспирација од работите околу себе и постојано е во потрага по нови искуства и предизвици. Голем вљубеник во форми и структури, па оттаму архитектонската фотографија му е во главен фокус. Покрај фотографирање на разни комерцијални авторски проекти на архитектонски бироа, се јавува како фотограф на неколку истражувачки архитектонски проекти и изложби како „Скопските вертикали“ во музејот на Град Скопје, „Модернистичка мапа на град Скопје“, „Загрозени видови“ во Природонаучниот музеј во Скопје, „Иднината како Проект: Доксијадис во Скопје“ во музејот Бенаки во Атина и др.

Ноеми Чаусидис е родена во Скопје, 1994 година. Студира на Архитектонскиот факултет во Скопје и во моментов го подготвува својот магистерски труд кој се занимава со урбаната ревитализација на локалитетот Скупи. Учествува во голем број студентски размени преку програмата YES, IAESTE, низ Европа, а придонесува и во граѓанскиот активизам, особено околу заштитата на Градскиот Трговски Центар. Ноеми е дел од тимот на МАРХ/ Македонска архитектура од 2016 година, истражувајќи го македонското средновековно градителско наследство.

Јованка Попова е куратор и програмски координатор во Проектен простор Прес то егзит проектниот простор во Скопје. Таа работи како куратор во Музејот на Современа Уметност во Скопје и е извршен директор на ЈАДРО - Асоцијација за независната културна сцена, Македонија. Таа е куратор на изложби во областа на современа уметност во Македонија и работи на меѓународни кураторски проекти, вклучувајќи го и учеството на северномакедонскиот павиљон петтото биенале во Венеција (2019), The Third Space (2019), All that We Have in Common (MSU, 2018); Where (not) to go? (New York, 2016) итн. Таа ја претсавила својата работа на Humboldt University, Central European University Budapest, Goethe University Frankfurt, Hankuk University of Foreign Studies, Seoul, Kunst Historisches Institut, Florence, Bahcesehir University, Istanbul, Trondheim Academy of Fine Arts и други институции. Таа е претседател на македонската гранка на AICA - International Association of Art Critics.

Клелија Живковиќ живее во Скопје. Има диплома по индустриски дизајн од Машинскиот факултет во Скопје и магистерска диплома по применета уметност од Универзитетот за Применета Уметност во Виена. Работела со неколку организации и институции, вклучувајќи ја Балканската Истражувачка Репортерска Мрежа, Проектниот простор Прес ту eгзит, Фондацијата Есл, Универзитетот за Применета Уметност Виена, Машински Факултет Скопје, Универзитетот за Уметност Цирих, Универзитетот во Наироби и други. Во 2017 ја основаше Платформата за граѓанско учество преку уметничи и културни пракси Sociopatch.Нејзината работа се фокусира на применување уметнички методи во областа на урбано истражување, граѓанско учество и јавните добра.

Христина Иваноска (1974, Скопје) работи со објекти, текст, цртеж, видео, перформанс и инсталации, често интердисциплинарно и како критичко истражување на секојдневието во денешните општествени и политички системи и нивниот однос кон историјата и теоријата. Таа изложувала во Кунстхале Дармстад, Музеј на скулптурата - Палата Кроликарнија во Варшава, Истражувачки павилион на 57. Венециско биенале, МУМОК Виена, Кунстлерхаус Грац, Државен музеј за современа уметност Солун, Магазин4 Брегенз Кунстверајн и други. Од 2000 година соработува со Јане Чаловски. Нивните колаборативни проекти биле претставувани во Силезискиот музеј, ПЕРА музејот во Истанбул, Музеј на современа уметност Белград, Градската уметничка галерија во Љубљана, 56. Венециско биенале - Павилион на Република Македонија, Малме кунстмусеум, Статлихе кунстхале Баден-Баден, ХДЛУ - Хрватско друштво на ликовни уметници Загреб, Жак/Браницка галерија Берлин, Кроника галерија и други. Во моментов е докторски кандидат на Академијата за Ликовна Уметност во Виена.

Клелија Живковиќ живее во Скопје. Има диплома по индустриски дизајн од Машинскиот факултет во Скопје и магистерска диплома по применета уметност од Универзитетот за Применета Уметност во Виена. Работела со неколку организации и институции, вклучувајќи ја Балканската Истражувачка Репортерска Мрежа, Проектниот простор Прес ту eгзит, Фондацијата Есл, Универзитетот за Применета Уметност Виена, Машински Факултет Скопје, Универзитетот за Уметност Цирих, Универзитетот во Наироби и други. Во 2017 ја основаше Платформата за граѓанско учество преку уметничи и културни пракси Sociopatch.Нејзината работа се фокусира на применување уметнички методи во областа на урбано истражување, граѓанско учество и јавните добра.

Јане Чаловски (1973, Скопје) е уметник, истражувач, издавачи културен активист. Преку конвергирање на сознанија за архивирање и размножување на метод со слична непосредност како цртежот, неговото истражување е фокусирано на дизајнирање на дискурзивна рамка за улогата на пост-медиумската уметност во поширокиот културен контекст. Чаловски ја изложил својата работа во Музејот на современа уметност Загреб, Гуангог музејот за уметност; Малме кунстмусеум; Бункер штуки, Краков, Полска; Фондација Баухаус, Десау; Кунстхале Баден-Баден; Кунстхаус Брегенз; Салзбург кунстверајн; Тејт Британ; Европското кунстхале; Балтички уметнички центар, Висби, Шветска; Центар за современа уметност, Вилниус; Центар за цртеж, Њујорк и други простори. Неговата работа беше вклучена во Биеналето за фотографија во Хелсинки 2014, D-0 ARK Underground 2012, Манифеста 7 (Болзано, 2008) и Манифеста 3 (Љубљана, 2000). Дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Филаделфија (1996) и Бенингтон колеџот (1997), а ги завршил пост-дипломските истражувачки програми на ЦЦА Китакјушу (1999-2000), Академијата Јан ван Ајк (2002-2004) и Универзитетот Линкопинг (2010). Го претставува Жак/Браницка. Живее и работи во Скопје и Берлин.

Партнери

Проектниот простор Прес то егзит се занимава со презентација, продукција и едукација во областа на современите уметнички и кураторски пракси преку отпочнување и подржување на истражувачки пракси и проекти кои потекнуваат од комплексниот општествен, политички, економски и културен контекст. Критички ги проценува и евалуира прашањата кои произлегуваат ги поставуваат современите уметници, куратори, архитекти и теоретичари во рамките на современиот социо-политички пејзаж од кој нивните пракси потекнуваат. Дел е од неколку интернационални мрежи и форуми кои биле клучни во меѓународното развивањето на овие пракси и нивната општествена консеквентност. Цели кон создавање и воспоставување на партнерства и соработки со македонски, западно-балкански и интернационалниуметници, куратори и културни работници и одржување на критичкиот дијалог и размената на знаење. вебстрана: presstoexit.org.mk

Loose Associations (Слободни врски) е современа само-управувана иницијатива на уметници, куратори и културни работници. Тие бараат „начини на дестабилизирање на системот на очигледна реалност преку механизми на дискурзивна анализа (и визуелна презентација) со цел создавање дупки, територии на „неоткриени можности“ кои се наоѓаат надвор од изборот понуден од доминантната културна политика.“ Во 2013 започнале со проект и граѓанска кампања за зачувување и кричитко евалуирање на наследството од доцниот модернизам. Проектот е познат меѓународно како Мотел Трогир. Во оваа рамка огранизираат културни настани, изложби, уметнички резиденции, студиски посети, прошетки, но пред се’ важно е истражувањето на периодот од 1945 - 1990 во Хрватска и издаваштвото кое произлегува од овој сегмент. Публикацијата “Motel Trogir: It Is Not Future That Always Comes After” беше наградена како најдобра во Нови Сад, Србија. вебстрана: slobodneveze.wordpress.com

Санс енд cтарс опслужува изложби од голем размер и интерцисциплинарни проекти на локации од историско и културно значење. Овие проекти, инспирирани од локациите, ја креваат свесноста за нашето културно наследство и современа уметност. Флуидно се движиме низ драстичните промени во уметничкиот свет, во потрага по нови и отворени простори. Од витално значење е вклучувањето на други во развојниот процес, за да се обратиме до индивидуи и организации кои работат вон областа на визуелната уметност. За секој нов проект контактираме нови учесници да истражуваат и кокреираат. Во својата основа, просторите се наменети да инспирираат бескомпромисна, современа и релевантна уметност. Поканетите учесници создаваат нова територија. Концептот произлегува од избраниот простор и во соработка со учесниците, како збир на експлицитни и имплицтни односи помеѓу локацијата и соодветните презентации. вебстрана: sunsandstars.nl