Високообразовните институции за уметност, дизајн и музика како идни "Европски универзитети"

Предавања и презентациски | Високообразовните институции за уметност, дизајн и музика како идни "Европски универзитети"? Формати на иновативни соработки и тематски мостови "| Презентација на Јане Чаловски | Организирана од: DAAD - Deutscher Akademischer Austauschdienst / German Academic Exchange Service |  Film University Babelsberg KONRAD WOLF, Потсдам | 18 - 20 февруари 2019 година

Учество на Јане Чаловски (Проектен простор Прес ту егзит) и Гордана Вренцоска (Европски универзитет, Скопје) како претставник на Северна Македонија на конференција која имаше за цел да поттикне прашања за тоа како би можела да изгледа специфичната европска природа на креативните и уметнички школи во Европа и како истото може да се спроведе преку структурирани вмрежувања.

Настанот главно го дискутираше проектот на Европската комисија со цел да се идентификува потенцијалот на неодамнешната Европска универзитетска иницијатива за стратешки развој на високообразовните институции во областа на уметноста и креативноста. Проектен простор Прес ту егзит беше селектиран со цел да сподели експертиза во дискусијата за иновативните пристапи за уметничко истражување.

https://eu.daad.de/service/veranstaltungen/2019/de/68052-higher-education-institutions-of-art-design-and-music-as-future-european-universities-innovative-cooperation-formats-and-thematic-bridges/