ЕУ – Уметнички самит на Западен балкан

Презентација на Јованка Попова | EU – Western Balkans Art Summit | организиран од FLUCA – Austrian Cultural Pavillion | Гете институт, Софиа |  17-18 мај, 2018

FLUCA Автрисиот културен павиљон организира собир на куратори, теоретичари и галеристи од уметничка сцена од Западен Балкан со намера да отвори дијалог за иднината и визијата за уметноста во регионот.

Намерата е да се дискутира за поновата историја на уметноста од Балканот, за значењето на терминот Западен Балкан, и како тоа се одразува (или не се одразува) врз современата уметност во засегнатите земји. Ќе се обидеме да одговориме на прашањето за начините на интегрирање на уметноста од овие земји во контекст на европската сцена.

Учесниците на самитот се Lana Цмајчанин - уметник од Босна и Херцеговина, Јелена Петровиќ – теоретичар од Србија, Јованка Попова – куратор од Македонија, Олсон Ламај – уметник од Албанија, Катарина Шендл и Изабела Ана-Марија Ритер - галеристки од Приштина. Модератор на конференцијата ќе биде Лучезар Бојаџиев.

Воведничар во во дискусијата, исто така, ќе биде Виктор Јанков - Заменик директор за меѓународни односи од Пловдив 2019 - европска престолнина на културата, Ружин Сари - директор на Open Arts Foundation и Томас Штоелз - Заменик-шеф на мисијата на австриската амбасада во Софија.

Самитот во Гете-институт Бугарија се одржува за време на самитот на ЕУ-Западен Балкан во Софија.