Мисија, визија и стратегија

Мисијата на „Проектниот простор Прес ту егзит“ е обединување и развој на креативните потенцијали на младите уметници и граѓаните и создавање услови за развој на современите модели на креативно промилсување и на модели за партиципативност во граѓанскиот сектор, истражување и критика.

Визијата е да прерасне во организација која ќе допринесе за општото прифаќањето на современата уметност и кураторските практики како важен сегмент од витално значење за развојот на македонското општество во современо и демократско. 

Во тој контекст стратегиската развојна заложба на Здружението „Проектен простор Прес ту егзит“ е да се развива и нуди алтернативни модели на едукација и продукција кои водат кон дообразување на културниот работник и пошироката публиката, како и јакнење на неговите/нивните капацитети во одереден општествен концепт сè со цел да се продолжи со критичкиот дијалог и културната размена на знаење.