Резиденциски престој / Курирање заедништва во урбан контекст

Резиденциски престојЈованка Попова и Мира ГаќинаПроект „Курирање заедништва во урбан контекст“ во Limidity Temporary Art Projects  |  Мароко, 8-23 октомври, 2018

Кое е влијанието на општествените судири во процесот на создавање на современи уметнички практики? Како ги толкуваме различните историски интерпретации и нивното влијание врз урбаниот развој и визуелната уметност? Осврнувајќи се на историскиот и урбаниот развој на Ел Јадида, со неговите богати мултикултурни различности, истражувањето се фокусира на практики кои генерираат процес на модификација на актуелната во нов вид на општествена реалност, на ниво на интеракција помеѓу помеѓу уметничкото и секојдневното искуство.

Добитници на стипендија за Летна школа како школа

Кристина Божурска, Николче Славески и Амар Качар | добитници на стипендија за учество на летната школа Summer School as a School (SSAS) | Stacion - Центарот за современа уметност од Приштина |  2018

Добитници на стипендија за учество на летната школа Summer School as a School (SSAS) за 2018 година којшто Проектниот простор Прес ту егзит, како партнерска организација на организаторот Stacion - Центарот за современа уметност од Приштина, ги доделува на двајца македонски стипендисти, се уметниците Кристина Божурска и Николче Славески.

Двајцата македонски стипендисти ќе имаат можност да учествуваат во програмата за 2018 година која ќе се одржи во периодот јули-август, а се состои од единаесет курсеви кои на учесниците и публиката ќе и овозможат единствено искуство преку модел на алтернативна уметност и образование.

ЕУ – Уметнички самит на Западен балкан

Презентација на Јованка Попова | EU – Western Balkans Art Summit | организиран од FLUCA – Austrian Cultural Pavillion | Гете институт, Софиа |  17-18 мај, 2018

FLUCA Автрисиот културен павиљон организира собир на куратори, теоретичари и галеристи од уметничка сцена од Западен Балкан со намера да отвори дијалог за иднината и визијата за уметноста во регионот.

Намерата е да се дискутира за поновата историја на уметноста од Балканот, за значењето на терминот Западен Балкан, и како тоа се одразува (или не се одразува) врз современата уметност во засегнатите земји. Ќе се обидеме да одговориме на прашањето за начините на интегрирање на уметноста од овие земји во контекст на европската сцена.

Отворен повик / Summer School as a School 2018

Отворен повик | летна школа Summer School as School | Stacion - Центарот за современа уметност, Приштина | 20 мај, 2018.

Проектниот простор Прес ту егзит со задоволство информира дека Stacion - Центарот за современа уметност од Приштина го објави отворениот повик за учество на летната школа Summer School as a School (SSAS) за 2018 година.

Проектниот простор Прес ту егзит од Скопје како партнерска организација од основањето на проектот во соработка со организаторот Stacion - Центарот за современа уметност, а со поддршка на Министерството за култура на Р. Македонија овозможува финансирање на учество на школата за двајца македонски кандидати.

Summer School as a School (SSAS) е уметничка и образовна платформа иницирана и имплементирана од Stacion - Центарот за современа уметност во Приштина во соработка со Проектен простор Прес ту Егзит од Скопје, групата IRWIN, Cultural Center Rex / Fund b92, Белград, Art House, Скадар, Institute for Contemporary Art, Подгорица, Sonemus Association, Сараево, Independent Curators International – ICI, Њујорк.

Програмата на школата ќе се одржува во периодот од 16-ти јули до 2-ри август, 2018 година.  

Крајниот рок за пријавување на истата е 20-ти мај, 2018. Резултатите ќе бидат објавени најдоцна од 30-ти мај, 2018 година.