On the Edge: Genealogies and Futures of Precarity

Надворешни активности | презентација на Јованка Попова на конференцијата conference “On the Edge: Genealogies and Futures of Precarity” | CEU University, Будимпешта | 3-4 јуни, 2016 

Појавата на "прекаријатот" како "глобален симптом на неолиберализмот" алудира истовремено и на социо-економска состојба и онтолошко искуство под глобален режим на доцниот капитализам. Во актуелниот политички момент, прекаријатната состојба означува промена на безбедноста на работната позиција, ерозија на социјална припадност и губење на благосостојба за неолибералното граѓанство, чие секојдневие се повеќе е во знакот на економската нестабилност, неизвесна иднина, ризична егзистенција, и зависност од политичката волја на елитата. Таквите несигурни промени, истовремено, често укажуваат на интерсекционалната хиерархизација, што укажува на тоа дека одредени тела, се повеќе несигурни и помалку сожалувачки, поврзани со разликите во општествени позиции на несигурноста.

Отворен повик / Summer School as a School

Отворен повик | летна школа Summer School as School | Stacion - Центарот за современа уметност, Приштина | 3 - 18 јули, 2016.

Проектниот простор Прес ту егзит со задоволство информира дека Stacion - Центарот за современа уметност од Приштина го објави отворениот повик за учество на летната школа Summer School as a School (SSAS) за 2016 година.

Summer School as a School (SSAS) е уметничка и образовна платформа иницирана и имплементирана од Stacion - Центарот за современа уметност во Приштина во соработка со The Academy for Visual Arts (AVA), Љубљана,  Independent Curators International (ICI) Њу Јорк, Проектен простоp Прес ту Егзит од Скопје , и ArsAevi, Сараево.

Организаторот  Stacion - Центарот за современа уметност овозможува финансирање на учество на школата за двајца македонски кандидати.

Програмата на школата ќе се одржува во периодот од 3-ти до 18-ти јули, 2016 година. Крајниот рок за пријавување на истата е 19 јуни 2016. 

Сите заинтересирани за учество на школата потребно е да испратат апликација на следниов линк:

http://stacion.org/SSAS/

Разговор / Помеѓу неверојатното и кредибилното

Надворешни активности | Between the Incredible and the Credible | разговор со Јане Чаловски за Contemporary LYNX Magasine | 23.05.2016

Between the Incredible and Credible – интервју на Helena Postawka – Lech за уметничката практика на Јане Чаловски за Contemporary Lynx Magazine.

http://contemporarylynx.co.uk/between-the-incredible-and-the-credible-a-talk-with-yane-calovski

 

 

Велимир Жерновски на резиденциски престој во Австрија

Резиденциски престој | во организација на  < rotor > center for contemporary art Graz и Проектен простор Прес ту егзит | уметник: Велимир Жерновски | април, 2016

Проектниот простор Прес ту егзит со задоволство објавува дека уметникот Велимир Жерновски, во текот на месец април 2016 година, остварува резиденциски престој во Грац, Австрија, како дел од програмата на проектот WEST BALKAN CALLING. Резиденцискиот престој на Жерновски е во организација на < rotor >, асоцијација за современа уметност од Грац, во соработка со Проектниот простор Прес ту Егзит. 

Проектниот простор Прес ту егзит за овој резиденциски престој предложи десет македонски уметници од помладата генерација, од кои, по одлука на меѓународно жири, беше поканет Велимир Жерновски. Возвратно, кон крајот на месец август Проектниот простор Прес ту егзит ќе го очекува пристигнувањето на австрискиот уметник Wolfgang Obermair на едномесечен резиденциски престој во Скопје.