Резиденциски престој на Wolfgang Obermair во Скопје

Резиденциски престој | во организација на  < rotor > center for contemporary art Graz и Проектен простор Прес ту егзит | уметник: Wolfgang Obermair | 22 август – 22 септември, 2016

Проектниот простор Прес ту егзит со задоволство објавува дека австрискиот уметник Wolfgang Obermair, почнувајќи од 22 август 2016 година, остварува резиденциски престој во Скопје, како дел од програмата на проектот WEST BALKAN CALLING. Резиденцискиот престој на Обермаир е во организација на < rotor >, асоцијација за современа уметност од Грац, во соработка со Проектниот простор Прес ту Егзит. 

Проектниот простор Прес ту егзит за оваа програма предложи десет македонски уметници од помладата генерација, од кои, по одлука на меѓународно жири во текот на месец април 2016. резиденциски престој во  < rotor >, асоцијацијата за современа уметност од Грац веќе оствари уметникот Велимир Жерновски. Возвратно, кон крајот на месец август Проектниот простор Прес ту егзит го очекува пристигнувањето на уметникот Wolfgang Obermair на едномесечен резиденциски престој во Скопје, во рамки на што ќе се случи и претставување на неговата уметничка практика пред поширока публика.

 

Изложба / Fan Behavior and Art

Надворешни активности | Јане Чаловски  | групна изложба Passion: Fan Behavior and art”  | Kunstlerhaus Bethanien, Берлин | куратор: Christoph Tannert | изложбата ќе биде пoставена и во Kunsthaus im KunstKulturQuartier, Нимберг, Mùzeum Ludwig, Будимпешта, Hungaryand the Stadtgalerie, Киел | 9.08.2015 – 9. 09. 2016

Културата на младите вообичаено се манифестира на различни начини. Еден од нејзините најпривлечни форми на заедништво е фановството: младите чувствуват припадност кон субкултури чија кохезија се заснова првенствено на фиксација со спортски тим или популарна забава на пример (музика, филм, телевизија, интернет, дигитална култура, модата, литературата, стрипови) а се негува преку боди артот, забавите, движења или театарски перформанси и експериментални простори. Фановството не треба да се поистоветува со интересот на "нормалната" публика за поп-културата; Наместо тоа, таа се јавува во облик на нагласена форма на популарна култура и се обидува да се разликува од истата. Патем, многу малку визуелни уметници недвосмислено се опишуваат себе си како фанови на одредена група или стил на поп музиката.

Work In Progress

Надворешни активностиПроектен простор Прес ту егзит | Јованка Попова | Work In Progress #1 Festival | организација: FRABAAC, Приштина | 19 – 31.07.2016.

Јованка Попова, програмски координатор на Проектен простор Прес ту егзит учествуваше со презентација на активностите на Проектниот простор Прес ту егзит на фестивалот Work In Progress #1 во Приштина. Work In Progress #1 е фестивал кој има намера да направи претставување на независни уметнички простори и организации, уметнички претставувања, како и претствување на работата на куратори, културни работници и активисти кои се занимаваат со заштита и ревитализација на културното наследство.

Work In Progress #1 е прв проект на FRABAAC (невладина организација во Косово) чија намера е да создаде платформа во рамки на која уметници, куратори и културни работници ќе имаат прилика да ги споделат своите искуства за организирање на изложби, културни проекти, или модели на управувањето на уметничи простори.

Резиденциски престој / Sculpture Space

Надворешни активности | Христина Иваноска и Јане Чаловски | резиденциски престој | Sculpture Space, Utica, Њујорк | јули-август, 2016 

Христина Иваноска и Јане Чаловски, во периодот од месец јули до септември, 2016. остваруваат уметнички резиденциски престој во Sculpture Space, Утика, Њујорк.  Публиката е поканета да присуствува на прием во студиото отворено за јавноста, кој ќе се случи на 26 јули, со почеток од 17 до 19 ч., во просториите на Sculpture Space. На приемот публиката ќе има можност да се запознае со уметниците кои остваруваат резиденциски престој, да добие увид во уметничките дела кои се во процес на изработка, како и да добие повеќе информации за креативен процес и начин на работа. Освен Христина Иваноска и Јане Чаловски, останати резидентни уметници кои во моментов остваруваат уметнички престој во Sculpture Space се Dalia Baassiri (Бејрут), Lewis Colburn (Филаделфија), Jeremiah Hulsebos-Spofford (Чикаго), Jack Pavlik (Минеаполис) и Omri Zin (Тел Авив).