Симптоми на општеството

Надворешни активности | Христина Иваноска и Јане Чаловски | Изложба “Symptoms of Society”| Курирана од Аленка Грегорич а во организација на Градската галерија од Љубљана | Guangdong Museum of Art во Кина, 27-ми мај – 8-ми јуни 2017.

Христина Иваноска и Јане Чаловски со нивното заедничко дело „Музејот на модерна уметност на Оскар Хансен“ учествуваат на групната изложба “Symptoms of Society” курирана од Аленка Грегорич а во организација на Градската галерија од Љубљана, која се отвори на 26 мај во Guangdong Museum of Art во Кина. Изложбата ќе трае од 27 мај до 8 јули, 2017 година. Во фокусот на изложбата се дела од различни генерации, земји и медиумите. Во текот на подготовката на изложбата се развила поголема група на теми кои се однесуваат на бројни прашања на современото општество како: градот и урбаниот развој, националните ликовни истории, „заедничките“ уметнички системи и историја, територии итн.

Презентации на Христина Иваноска во Интернационалното училиште НОВА

Надворешни активности | Христина Иваноска | презентации во Интернационалното основно училиште НОВА | Скопје, 23-ти мај 2017

На 23 мај 2017 година, Христина Иваноска одржа две презентации на учениците од прво до четврто и од петто до осмо одделение во Интернационалното основно училиште НОВА во Скопје на покана на професорките Моника Десоска-Каргова и Ана Јосифовска. Иваноска зборуваше за својата дваесет годишна ликовна практика презентирајќи избор од своето индивидуално и колаборативно, со уметникот Јане Чаловски, богато уметничко творештво. Презентациите беа проследени со сесија на прашања и одговори каи предизвикаа голем интерес кај учениците.  

Проектен координатен систем

Надворешни активности | Проектен простор Прес ту егзит | Јованка Попова | Coordinate System Project | во организација на Butterbrot Cultural Project, Partizaning | Берлин, 14 - 22 мај, 2017.

Јованка Попова, програмски координатор на Прес ту егзит простор проектот учествуваше со презентација на програмските активности на Проектниот простор Прес ту егзит на LAB програмата во рамки на Coordinate System Project (14-19 мај). Во текот на програмските активности уметници, активисти и урбани истражувачи работеа заеднички со цел заедничко вмрежување и подготовка на идни активности.

Како уметноста преживува во време кога демократијата е уништена? Кои одговори може уметноста да ги понуди кога станува збор за присвојувањето на јавните места од страна на приватни претприемачи и тековните политики? Какви практики е потребно да се развијат? На кои начини уметничките практики излегуваат вон постоечките координати? Кои субверзивни стратегии треба да се спроведат?

Програмата на проектот која вклучува предавања, презентации, трибини и видео проекции, предвидува три тематските сесии со истражувачи, уметници и куратори од земјите од Централна и Источна Европа. Целта на истата е да овозможи претставување и проценка на моменталната состојба на прашања кои се однесуваат на поврзаноста помеѓу уметничка интеракција и урбаните јавни простори.

Ова е уметност и уметноста е многу нешта

Предавање на Себастијан Цихочки „Ова е уметност и уметноста е многу нешта“|  6ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ | Простори, функции, фикции и други заеднички именители организиран од Проектен простор Прес ту егзит | 20 мај, 2017Музеј на современата уметност, Скопје, 19.00 ч.

Ве известуваме дека во сабота, 20.05.2017, во Музејот на современата уметност во Скопје со почеток во 19:00 ч. ќе се одржи отворено предавање и дискусија со Себастијан Цихочки водечки куратор во Музејот на модерна уметност во Варшава, Полска насловено Ова е уметност и уметноста е многу нешта”*.

Како што е наведено од кураторот, во 1970-тите години Јиржи Лудвински (
Jirzi Ludwiński), полски уметник, теоретичар и критичар, го најавил доаѓањето на пост-уметничкото време. Тој забележал дека трансформацијата на уметноста е резултат на преземање на сосема нова форма; онаа која критичниот јазик на неговото време не беше во можност да ја критикува. Лудвински тврди дека пост-уметноста има неспорно поголем потенцијал отколку активностите кои се традиционално признаени како уметнички. Тој напишал: „Сите претходни концепции кои се однесуваат на уметноста се откажани, дури и она на авторството. Она што е важно се тензиите креирани преку колективен труд на многу индивидуи што придонесуваат за донесување на систем кој пулсира со живот, како некое гигантско дело на природата. Уметност = реалност“.
Таквите пост-уметнички времиња најавуваат ера во која високиот „коефициент на уметноста" (како феномен кој теоретичарот Стивен Рајт го опишал повикувајќи се на предавањето на Марсел Дишан „Креативен чин", 1957) е присутен во многу области од животот; кога работата на уметникот не секогаш се материјализира во форма на уметничко дело; кога и самата уметност се создава во размер 1:1, наместо да производува модели за ситуации и нешта.
Како може да се измери коефициентот на уметноста во еден уред кој собира магла и кој ги снабдува со вода жителите на пустината во Чиле? Колку уметноста е присутна во процесот на соработка меѓу турски пчелар и кошница на пчели во текот на производството на психоактивен мед? Прашањето што навистина вреди да се постави е: Постои ли повеќе уметност во или вон ѕидовите на музејот?