Културен џетлег – Музеите во/и регионот

Предавање на Аленка Грегорич | Културен џетлег – Музеите во/и регионот | Музеј на современа уметност во Скопје, 18-ти декември 2017, 20.00 ч.

Проектниот простор Прес ту егзит заедно со Музејот на современа уметност во Скопје организираат предавање на Аленка Грегорич, уметничка директорка и кураторка во Градската уметничка галерија во Љубљана.

Една од најстарите и најразвиените организациски структури во уметничкиот систем е музејот. Основата на професионално работење на музејот: стратегија поврзана со колекцијата, програма, изложбени активности, комуникација со јавноста, издаваштво, едукација и маркетинг, претставуваат дел од кохерентнo изградена визија. Но, денес, кога се чини дека музеите покажуваат особен интерес кон маркетиншките начини и средства за промовирање на колекциите и содржините поврзани со истите, неопходно е да се биде свесен за опасностите на маркетинг ориентираните приоди во создавањето на музејските стратегии.

Предавање на Антон Ледерер

Предавање на Антон Ледерер | Музеј на современа уметност во Скопје, 12-ти декември 2017, 20.00 ч.

Проектниот простор Прес ту егзит заедно со Музејот на современа уметност ве покануваат на предавање на Антон Ледерер, ко-основач на <ротор> центарот за современа уметност во Грац, Австрија. 

Во своето предавање Антон Ледерер ќе се фокусира на прашањето за институционалните стратегии: Каква уметност сакаме да презентираме и да произведуваме, и, кому сакаме да му се обратиме преку нашите културни активности? Многу уметнички институции и иницијативи се соочуваат со истата ситуација: добро информирана, но релативно мала посетеност освен од експерти и љубители на уметност. Кои се начините преку кои можеме да ги привлечеме останатите заинтересирани за современа уметност, кои често мислат дека истата е премногу комплицирана и достапна само за искусните познавачи? Антон Ледерер ја следи идејата дека уметничката продукција која е поврзана со личните животни околности на луѓето и ги допира прашањата на денешното општество, може и треба да предизвика поголем интерес во јавноста.

Дијалог (форма на одговор)

Надворешни активности | Христина Иваноска и Јане Чаловски | Изложба „Дијалог (форма на одговор)“| Курирана од Бранка Бенчиќ а организирана од Тихомир Миловац, и Вања Жанко | Музеј на современа уметност во Загреб, Хрватска, 25-ти ноември 2017.

Македонските уметници Јане Чаловски и Христина Иваноска ќе се претстават со самостојна изложба насловена  „Дијалог (форма на одговор)“ која ќе биде отворена во Музејот на современа уметност во Загреб, на 25 ноември (сабота) со почеток од 19 часот. Куратор на изложбата е Бранка Бенчиќ.

Изложбата Дијалог (форма на одговор) е втора од серијата од три изложби конципирана да ги собере и мапира индивидуалните и заедничките интереси на умениците, насочени кон политиките на уметничката продукција, како и институционалните контексти во кои уметниците делуваат.

Партиципативно управување во културата: Истражување на практики, теории и политики. Да направиме заедно

Надворешни активности | Јованка Попова учесник на конференција „Партиципативно управување во културата: Истражување на практики, теории и политики. Да направиме заедно“| организирана од фондацијата Култура Нова | Риека, Хрватска, 22-24 ноември 2017.

Во Риека во периодот од 22 до 24 ноември, 2017 година се одржа интернационална конференција насловена "Партиципативно управување во културата: Истражување на практики, теории и политики. Да направиме заедно".  На конференцијата како претставник на Јадро - Асоцијацијата на независната културна сцена, зема учество Јованка Попова која направи претставување на мисијата, делувањето и активностите на асоцијацијата.