Партиципативно управување во културата: Истражување на практики, теории и политики. Да направиме заедно

Надворешни активности | Јованка Попова учесник на конференција „Партиципативно управување во културата: Истражување на практики, теории и политики. Да направиме заедно“| организирана од фондацијата Култура Нова | Риека, Хрватска, 22-24 ноември 2017.

Во Риека во периодот од 22 до 24 ноември, 2017 година се одржа интернационална конференција насловена "Партиципативно управување во културата: Истражување на практики, теории и политики. Да направиме заедно".  На конференцијата како претставник на Јадро - Асоцијацијата на независната културна сцена, зема учество Јованка Попова која направи претставување на мисијата, делувањето и активностите на асоцијацијата.

Улогата и одговорноста на музеите во граѓанското општество

Надворешни активности | Јованка Попова учесник на конференција „Улогата и одговорноста на музеите во граѓанското општество “| организирана од CIMAMНационална галерија, Сингапур, 10-12 ноември 2017.

Јованка Попова, куратор и програмски координатор на роектен простор Прес ту егзит, присуствуваше на Годишната конференција на CIMAM 2017 "Улогите и одговорностите на музеите во граѓанското општество“ која се одржа во Националната галерија во Сингапур, како еден грантистите на ЦИМАМ, со грант доделен од "Гети" фондацијата.

Со оглед на зголемениот наплив на популистички национализам на кој сведочиме ширум светот и проширувањето на темата од конференцијата во Барселона (Музејот и неговите одговорности), темата на конференцијата има за цел да ги преиспита улогите на музеите , нивните јавни функции и нивното учество во граѓанското општество.

4 ИДЕИ / РЕМИКС

Изложба | 4 Идеи / Ремикс: Иваноска, Жерновски, Јовановиќ, Чаловски | курирана од Јованка Попова Галерија „Акантус“, ул. Орце Николов бр. 99, Скопје, 03.09-21-09. 2017 209.00 ч.

Изложбата „4 Идеи / Ремикс“ опфаќа избор на дела на четворица современи македонски автори: Христина Иваноска, Велимир Жерновски, Ѓорѓе Јовановиќ и Јане Чаловски. Како што насочува и самиот наслов, четири генеологии на концептуално и визуелно обмислување и изразување се ставени во меѓусебен дијалог поставувајќи контекст за делата остварени во рамки на проектот „Everything Matters Prototypes“ во реализација на Проектниот простор Прес ту егзит од Скопје. 

Поранешен град / Летна школа како школа

Надворешни активности | презентација на Јане Чаловски „Поранешен град“ | во рамки на програмата на Летната школа како школа | организирана од Stacion Center for Contemporary Art Prishtina, 11 јули, 2017, 19.00 ч.

Јане Чаловски и Ангелика Степкен (Angelika Stepken) на Летната школа како школа 2017. Место: Боксерски клуб, ул. Марк Исаку, Приштина, Косово

Стацион - Центар за современа уметност, Приштина со задоволство ја најавува презентацијата на Јане Чаловски и Ангелика Степен како дел од Јавната програма на Летната школа како школа за 2017 година.

Презентацијата на Јане Чаловски "Поранешниот град: горење на модернистичкото минато", почнува со следнава изјава:

Секогаш кога доживуваме загуба на нешто кое е поврзано со нашата колективна историја, било да е тоа документ, зграда или личност, чувствуваме како да сме ја изгубиле основата за сегашноста и иднината. Тоа е вознемирувачко, дезориентирачко и крајно, изнемоштено искуство. Кога изгубеното пак, е важна модернистичка архива на поранешна државна институција (приватизирана од средината на 90-тите години), не сме сигурни каде да го насочиме гневот, разочарувањето, но и нашето разбудено чувство на одговорност со намера нешто да сториме за повторно да го вратиме изгубеното и можноста за критичка дискусија. Презентацијата ќе се фокусира на процесот кој го иницираше „Поранешен град“ (2018),  најновиот истражувачки проект / инсталација за исчезнатата архива на урбаниот план за Скопје, изготвен од Канзо Танге и неговите соработници во 1963/65 година, во соработка со голем број локални и Југословенски архитекти и урбанисти.