Епилог (форма на расправа)

Надворешна активност |  Епилог (форма на расправа) | изложба на Јане Чаловски и Христина Иваноска | Музеј на современата уметност, Скопје |  10 ноември 2018 – 11 февруари 2019

Уметничката практика на меѓународно афирмираните македонски уметници, Јане Чаловски и Христина Иваноска, која започнува во 2000 година, е комплексна и контекстуална. Се занимава со теми и концепти од архитектурата, историјата, уметничката теорија и политичката стварност, за да креира нови процесни продукции, сценарија на поставки и нови знаења. Своите дела ги реализираат во различни медиуми од цртеж и текст до објект, инсталација и видео.

„Епилог (форма на расправа)“ е трета и последна од трилогијата изложби конципирана околу индивидуалните и заедничките практики на умениците. Ќе бидат претставени инсталации, цртежи, објекти, видеа и фотографии од нивните понови проекти (2015-2018), вклучувајќи нова серија на дела „9 принципи на Отворена форма“ реализирана као дел од истражувачки проект „Отворено, формирано и неизградено: Музејот на модерна уметност на Оскар Хансен“ (2018-). Исложбата ќе биде проследена со публикација.

Лиза Нојберг: Телото како вселенски брод

Недисциплинирани форми на знаење |  Интернационален симпозиум „Кураторски размени“ |  Презентација на Лиза Нојберг (Lisa Nyberg) |  Музеј на современата уметност Скопје |  26 октомври 2018, 20 часот

Телото како вселенски брод: медитацијата како уметничка и експериментална практика 

„Храбро искравувајќи се во телото како вселенски брод, соочени со непозната и вознемирувачка иднина, ќе работиме на нашите вештини за колективна грижа и издржливост и ќе го споделиме нашето знаење во сесија на дишење, слушање и колективно пишување.“ Нашиот водич на ова патување е Лиза Нојберг, уметничка од Малме, која ги истражува радикалните можности за педагогија и перформанси преку процеси кои вклучуваат колективни, утописки, трансгресивни, пресечни и критични практики. Работата на Нojберг е во форма на самоорганизирани простори, институционални процеси, работилници, предавања, изведби, видеа, книги и звучни дела.

Кураторски размени | Презентација на Герги Ласло (Gergely László)

Интернационален симпозиум „Кураторски размени“|  Презентација на Герги Ласло (Gergely László) |  Музејот на современата уметност Скопје |  13 октомври 2018, 20 часот

Презентацијата е дел од годишната програма на Проектниот простор Прес ту егзит со наслов „Недисциплинирани форми на знаење“ во рамките на серијата „Предавања, презентации и изложби“ и Меѓународниот симпозиум „Кураторска размени 7: Курирање урбани заедници“.

Од 2004 година Герги Ласло (1979) е член на уметничкиот колектив Техника Швајц (Tehnica Schweiz) заедно со Петар Ракоси (Péter Rákosi) (1971), а во неколку наврати соработувале со српската уметничка Катарина Шевиќ (1979). Лазло и Шевиќ моментално живеат во Берлин. Помеѓу 2002 и 2012 година, во Будимпешта, тие биле вклучени во водење на неколку уметнички простори, меѓу кои и Dinamo, Impex - Contemporary Art Provider и Lumen Foundation.

Резиденциски престој / Курирање заедништва во урбан контекст

Резиденциски престојЈованка Попова и Мира ГаќинаПроект „Курирање заедништва во урбан контекст“ во Limidity Temporary Art Projects  |  Мароко, 8-23 октомври, 2018

Кое е влијанието на општествените судири во процесот на создавање на современи уметнички практики? Како ги толкуваме различните историски интерпретации и нивното влијание врз урбаниот развој и визуелната уметност? Осврнувајќи се на историскиот и урбаниот развој на Ел Јадида, со неговите богати мултикултурни различности, истражувањето се фокусира на практики кои генерираат процес на модификација на актуелната во нов вид на општествена реалност, на ниво на интеракција помеѓу помеѓу уметничкото и секојдневното искуство.